Нутела торта готова за половина час: Потребни ви се само две состојки

popara23 септември, 20231min00
1695041360-lala-azizli-sHcVnx1jmeU-unsplash-1024x732

Генијален готвач измислил торта Нутела која може да се направи за 30 минути и бара само две состојки. Андреа Соранидис сподели магичен и богат рецепт на нејзиниот блог The Petite Cook. Таа напиша: „Оваа торта е готова за 30 минути, лесно се прави и без глутен“.

Сè што ви треба се пет јајца и 250 грама Нутела, но можете, како Андреа, да направите своја Нутела. За да направи Нутела, Андреа меша лешници, темно чоколадо, органски кафеав шеќер, маслиново масло и свежо млеко.

За почеток треба да ја загреете рерната на 175°C за да можете да ја испечете тортата веднаш штом ќе ги измешате состојките. Потоа изматете ги јајцата со миксер додека не се добие воздушна и лесна смеса. Откако ќе ги изматите јајцата, стопете ја Нутелата во микробранова печка 30 секунди. Кога нутелата ќе се растопи, полека додајте ја смесата со јајцата и измешајте ја со лажица, а не со миксер.

Откако убаво ќе ја измешате смесата, истурете ја во калап за колачи и печете во рерна 20 до 25 минути. Ако сакате вашата торта да биде помека и полна со крем во центарот, печете ја 22 минути. На крајот можете да ја посипете со шеќер во прав и спремни е за послужување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag