Што ви треба? Па, само три работи што сигурно ги имате во домот, а тоа се парацетамол или аспирин, крпа и пинцета.
Ако имате тврдоглави дамки на пеглата, најлесен начин да ги отстраните е со аспирин или парацетамол. Вклучете ја пеглата до максимум и исклучете ја опцијата за пареа.
Лекот земете го со пинцета за да не се изгорите и втријте го каде што има дамки, па избришете го со крпа. Додека го правите ова, не заборавајте да ги отворите прозорците. Потоа поминете со пеглата преку старата крпа и сите дамки ќе исчезнат.