Септември е време кога многу домаќинки се трудат да подготват зимница во која ќе уживаат во студените месеци.
За да можете да уживате во одредени видови овошје и зеленчук во текот на зимата, подгответе зимница во вид на разни сосови од зеленчук во масло или оцет, кисели салати, сокови и џемови.
Зрелото овошје и зеленчук и добриот рецепт не се единствените предуслови за подготовка на вкусна и трајна зимска храна, исклучително е важно правилно да се стерилизира теглата. Подолу ви претставуваме четири начини за правилно стерилизирање на теглите за зимско складирање.
Стерилизирајте ги теглите во рерната
Иако долго време е познат како еден од најдобрите методи, стерилизирањето на теглите во рерната трае малку подолго.
Измиените тегли ставете ги во рерна така што ќе ги наредите на хартиени крпи во два слоја на решетките од рерната и наредете ги теглите на решетките да не се допираат.
Потоа поставете ја температурата на 130 степени Целзиусови и оставете ги 20 минути. Користете ракавица за да ги извадите теглите и ставете ги на термоотпорен плех за печење да се изладат.
Стерилизација во врела вода
Можете да ги стерилизирате теглите така што ќе ги варите во топла вода 10 до 15 минути непосредно пред да ги наполните со ладна вода. На овој начин се уништуваат сите бактерии кои можат да предизвикаат расипување.
Стерилизирајте ги во машина за миење садови
Стерилизирањето на теглите во машината за миење садови е веројатно најлесниот метод и добро функционира доколку имате дополнителна функција за топлина на вашиот апарат.
Проверете дали машината е празна и чиста. Ставете ги теглите и капачињата во машината за перење и пуштете го циклусот на перење, кој трае исто колку и подготовката на џемот. Извадете ги теглите и ставете ги на чисти, впивачки салфетки да се исушат.
Стерилизација во микробранова печка
Доколку сакате лесно и брзо да ги стерилизирате теглите, ви предлагаме да ги ставите во микробранова печка. Треба да ги направите следните чекори по кои вашите тегли ќе бидат подготвени за употреба:
Прво исчистете ја и измијте ја теглата, а потоа ставете ја во микробранова печка и вклучете ја „најсилната“ поставка за 30 до 45 секунди.
Потоа ставете ги наопаку на салфетки да се исушат. Додека стерилизирањето на теглите во микробранова печка работи добро, не можете да стерилизирате метални капаци на овој начин.