Состојки:
6 јајца
2 компири
1 кромид
Сол, масло
Малку магдонос
Подготовка:
Излупете ги компирите и кромидот и исечете ги на коцки. Во тава загрејте малку масло, пропржете го кромидот, додадете ги компирите и пропржете на тивок оган додека да омекнaт. Изматете ги јајцата со вилушка, посолете по вкус и малку магдонос. Прелијте со компири и кромид, измешајте. Пржете од двете страни додека не поруменат.
Совет:
Извадете го омлетот така што ќе ја покриете тавата со чинија и ќе ја завртите за да не се преполови омлетот.