Бритни Спирс објави провокативен видео клип и ги разбранува социјалните мрежи.
Бритни Спирс за време на викендот објави видео во кое му покажа на својот поранешен сопруг Сем Асгари „што изгубил“. Поп-пејачката објави провокативен видео клип како почит на успешната светска турнеја „Renaissance“ на музичката ѕвезда Бијонсе, пренесува „Метро“.
Бритни Спирс (41) во розова долна облека и црни чевли објави видео на Инстаграм како игра на розова стриптиз шипка.
Нејзините 42 милиони следбеници не беа претерано изненадени, со оглед на тоа што откако пејачката се бореше со својот татко и семејството на суд за правото да ги контролира нејзиниот живот и кариера, таа не престана да објавува видеа и фотографии на кои постојано е во долна облека.
View this post on Instagram
Видеото, како и претходното, наиде на негативни реакции во коментарите: „Очигледно и се влошува“, „Дали некој ќе ја спречи“, „Изгледа старателството всушност беше добра работа“.
Шерон Озборн, британска водителка и музички менаџер, еднаш во подкастот „Club Random“ рече: „Бритни со задоволство ги објавува своите видеа секој ден, тресејќи ја главата, тресејќи гом*а“, на што водителката искоментира: „Нели малку луда?”
View this post on Instagram
Шерон објасни зошто пејачката се однесува вака на социјалните мрежи.
– Таа е жртвата. Родители кои постојано ја притискаа и ја туркаа да работи уште како мала. Еден Божиќ, кога била дете, била во божиќна претстава во Њујорк. Нејзината мајка и татко изнајмиле некој валкан стан каде што било студено. Таму го поминала Божиќ, а нејзината сестра и брат биле дома со нивниот татко. Таа беше таму да работи. Се натпреваруваше во шоу за пеење со мониторинг во ушите, а нејзиното момче, кое и беше менаџер, и кажуваше што да зборува.
Бритни Спирс неодамна изјави дека во јавноста ќе излезе со сите детали и што и се случило за време на контролата што нејзиниот татко и семејството ја имале врз неа и нејзината кариера. Во средината на август беше објавено дека пејачката се разделила со Сем Асгари.