За час и половина ќе заработи пет милиони долари! Џастин Тимберлејк на овој начин ќе собере огромна сума на пари

popara26 септември, 20231min00
Screenshot_5

Една од најголемите поп ѕвезди Џастин Тимберлејк, по четиригодишна пауза, во декември ќе одржи концерт во Лас Вегас, и тоа за вртоглава сума на пари.

 

 

 

 

Како што пишува „Д Сан“ (The Sun), 42-годишната ѕвезда ќе добие 6,1 милиони долари за само еден час настап на отворањето на новиот хотел и казино „Фонтенбло“ во Лас Вегас. Настапот е закажан за 13 декември и, на задоволство на обожавателите, го означува враќањето на Џастин во музиката по периодот посветен на филмот.

 

Американскиот поп и ар-ен-би пејач, текстописец, продуцент, танчер и актер, кој се прослави во доцните 90-ти како главен пејач на бој-бендот „N Sync“, педантно се подготвува за едночасовен настап во Лас Вегас на крајот на годината.

 

Музичарот, веќе има сет листа за која се верува дека вклучува хитови како што се ‘SexyBack’, ‘Can’t Stop The Feeling!’ и „Mirrors“, а ќе настапи пред 3.800 гости.

 

Да потсетиме, Тимберлејк последен пат настапи во живо во април 2019 година во Ункасвил, Конектикат, на последниот датум од неговата турнеја „The Man Of The Woods“. Неговото враќање на концертите во живо се шпекулира, по неодамнешната соработка со Нели Фуртадо и продуцентот Тимбаленд за песната „Keep Going Up“, објавена пред неколку недели, шеснаесет години по нивниот хит „Give It To Me“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag