На модната недела во Милано сите погледи беа вперени во неа:Ќерката на Моника Белучи издоминира на пистата

popara26 септември, 20231min00
Моника Белучи

Како што расте и созрева, сите се согласуваат – таа ќе ја надмине мајка си по убавина.Дева Касел, ќерката на познатата актерка Моника Белучи, деновиве е во центарот на вниманието откако се појави на модната писта на модната недела во Милано.Таа до пред неколку години беше девојка на која многумина и предвидуваа светла иднина.

И се чини дека нејзините 5 минути доаѓаат многу наскоро. Таа вчера беше главна тема на медиумите откако се појави на модната писта во Милано во црното издание на познатиот бренд Dolce & Gabana.

19-годишната ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел е подготвена да го освои светот на модата и да застане рамо до рамо со најуспешните модели на денешницата.

Италијанското дуо Доменико Долче и Стефано Габана ја претставија најновата колекција за пролет/лето 2024 година во Милано, а креациите ги носеа и презентираа многу познати девојки од светот на модата, меѓу кои Ирина Шајк и Виторија Серети,новата девојка на Леонардо ди Каприо.

Амбициозната Дева влезе во светот на манекенството на 15 години,а четири години подоцна стана едно од лицата на модната куќа D&G и веќе носеше неколку нивни ревии во Милано и Париз.

Овој пат таа се прошета во Милано во целосно црна облека составена од мини црн фустан со машна и црни хулахопки, а од публиката ја следеа ѕвезди како Кајли Џенер и Роуз Хантингтон-Вајтли.

Со популарната мајка во досегашната четиригодишна кариера соработуваше само еднаш,а тоа беше за италијанското издание на престижниот магазин „Vogue“.

Покрај манекенските чекори,Дева реши да ги следи актерските стапки на мајка си.Како и нејзините родители Моника Белучи и Винсент Касел, така и таа реши да глуми,па неодамна потпиша договор со Нетфликс за италијанската серија „Леопард“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag