За кого е опасен ѓумбирот: Корисен е во студените денови, но никако не го земајте ако ги имате овие проблеми

popara26 септември, 20231min00
4286_shutterstock-1840501075_f

Ѓумбирот се користи веќе 2.500 илјади години во традиционалната кинеска медицина за зајакнување на имунитетот, подобрување на варењето, лекување на настинки и кашлица, како и стомачни проблеми. Но, може да има и некои несакани ефекти во одредени случаи, а има и луѓе кои никогаш не треба да го користат.

Несакани ефекти

Тие можат да се појават ако некое лице консумира повеќе од 5 грама ѓумбир дневно. Тоа се киселини, гасови, надуеност, гадење, дијареа.

Кој не треба да користи ѓумбир?

Според Националниот центар за комплементарно и интегративно здравје на САД (NCCIH), не треба да го користат:

– Луѓе кои имаат нарушување на крварењето, бидејќи ѓумбирот ја поттикнува циркулацијата и го зголемува крвниот притисок.

– Трудници бидејќи може да предизвика грчеви во матката.

– Луѓе кои треба да направат хируршка процедура бидејќи тоа може да предизвика повеќе обилно крварење.

– Оние кои пијат лекови за срце, антихистаминици, лекови против тумори и лекови за слабеење.

Пред да користите ѓумбир, задолжително консултирајте се со вашиот лекар, особено ако земате какви било лекови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag