Кејт Бланшет заблеска на ревијата на Армани: Необичен крој на комбинезон во класичната црна боја

popara26 септември, 20231min00
profimedia-0808048689-830x0

Холивудската актерска дива Кејт Бланшет е секогаш добредојдена гостинка на престижни настани, особено кога е модата во прашање, а како да не биде кога е жена со елегантен стил кој зрачи со духот на старите времиња и потсетува на периодот кога класиката а женственоста владееше со креациите.

Иако е лојална на својот препознатлив елегантен стил, без разлика дали носи фустан или костум, таа знае и како да „излезе од својата комфорна зона“ без да го изгуби личниот стил.

Така, на ревијата на Армани, на Модната недела во Милано, таа облече интересен крој на црн комбинезон кој го истакна нејзиниот струк и деколте, а го искомбинира со црни чизмички со шпиц.

Со оглед на тоа што порцеланскиот тен е еден од нејзините најголеми атрибути, не бевме изненадени што Кејт носела толку лесна шминка што не бевме сигурни дали воопшто ја има на себе. Таа претпочита тонови кои одговараат на бојата на косата и очите, кои се претежно нежни нијанси на кајсија, праска…

Таа ја носеше својата платинеста коса во нејзините препознатливи бранови.

Се чини дека оваа дама има сè – талент, манири, успех и беспрекорен моден смисол.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag