Ги заборавила панталоните, но изгледа фантастично! Нозете на Хејли Бибер вредат милион долари (ФОТО)

popara27 септември, 20231min00
Screenshot_5

Хејли Бибер ги изоставила панталоните во текот на прошетката со пријателите во Париз, приклучувајќи се на трендот „no pants“ којшто уште минатата година го освои модниот свет.

 

 

 

Основачката на брендот „Rhode Skin“ била насмеана додека го напуштала ресторанот „Costes“, покажувајќи ги своите долги нозе.

 

Манекенката избрала да носи двобојно боди кое имало беж крагна и црн долен дел. „Заборавајќи“ ги панталоните, Бибер овој изглед го надополнила со црни салонки.

Овој предизвикувачки изглед таа го заокружила со појас со златни детали околу струкот и кожен капут до подот. Таа носела и очила за сонце, а на рацете имала кафеав маникир.

 

Манекенката во Париз се подготвува за лансирање на најновото производство на својот популарен „beauty“ бренд: „Peptide Lip Tint“.

 

Претходно месецов таа прославила пет години брак со поп-ѕвездата Џастин Бибер, а во август во Њујорк го промовирала лансирањето на производите на „Peptide Lip Treatment“.

 

Трендот „no pants“ во којшто се појавила во Париз минатата година го освоил модниот свет, а на папарацо фотографиите од познатите дами неретко можеле да се видат ултракратки шорцови или боди.

„Доколку сакате да го следите трендот „no pants“ мора да го знаете клучот во модните додатоци. Ѓердан, тексас јакна или кармин со впечатлива боја којшто ќе го освежи вашиот изглед“.

 

Додека Хејли е во центар на внимание поради впечатливите и неретко елегантни модни комбинации, нејзиниот сопруг е на насловните страници поради своето посебно, лежерно облекување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag