Кејт Мидлтон ја најави најтренди бојата за оваа есен: Природни нијанси за постудените денови

popara27 септември, 20231min00
tan2023-09-26131115057-830x0

Британската принцеза Кејт Мидлтон при посетата на текстилна фабрика во Лидс, Англија, покажа есенски стајлинг применлив за многу деловни пригоди.

Темно зелениот костум го сочинуваа долги панталони со широки ногавици, а подолгото сако му даваше допир на елегантна софистицираност. Белата кошула ја балансираше деловната елеганција, додека црните чевли со поширока потпетица ја покажаа задолжителната удобност. Со оваа модна комбинација, принцезата потврди дека оделата се сè повеќе нејзин избор, додека фустаните можеби ги чекаат повеќе свечени пригоди.

Склона кон суптилни парчиња накит, Кејт Мидлтон за оваа пригода избра помасивен златен синџир-ѓердан, кој одговараше на кафената нијанса на копчињата на нејзината јакна. Ѓерданите беа надополнети со златни обетки, а оваа комбинација на накит беше придружена како и секогаш со прстенот на Лејди Ди, кој Кејт го носи во секоја прилика.

Косата исчеткана во меки бранови и природните тонови на шминката одлично се совпаѓаа со зелената нијанса на облеката, која принцезата од Велс ја искористи за да ја објави бојата на есенската сезона.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma