Ким Кардашијан ги изненади своите фанови кога објави фотографии за насловната страница на еден магазин на кои е целосно непрепознатлива.
Имено, на сликите кои го обиколија светот, најпознатата старлета на светот изгледа сосема поинаку од вообичаено.
Таа има кратка коса, а веѓите и се исцртани со шминка, додека носи извалкана маица и очила.
На следната фотографија Ким позира на кауч со пура во рака, што изненади многумина. Сепак, најверојатно цигарата ја држела во рака само заради фотографијата, бидејќи се знае дека старлетата не пуши, но и не пие алкохол.
View this post on Instagram
Овие слики таа ги објави и на своите социјални мрежи и за кратко време доби голем број лајкови.
– Бев на нивната прва насловна, а сега повторно 10 години подоцна – напишала Ким и му се заблагодарила на магазинот за соработката.