Зошто треба да ја менувате маскарата на секои ТРИ МЕСЕЦИ? Причината не е само во естетиката

popara28 септември, 20231min00
shutterstock1079687021-830x0

Како и храната, повеќето производи за убавина се расипливи и имаат рок на траење. Иако многумина од нас можеби се спротивставуваат на исфрлањето на нашите омилени нијанси на кармин, палета на сенки за очи или полуполнa туба маскара, вистината е дека повеќето производи треба редовно да се заменуваат.

– Акумулацијата на бактерии со текот на времето е честа појава кај маскарите. Заменувањето на маскарата на секои три месеци го намалува растот на бактериите и може да помогне при сувост, алергиски реакции, црвенило и иритација – нагласува офталмологот Бредли Розен.

Дополнително, д-р Розен наведува дека „редовното менување на маскарата може да го намали влијанието на стресните фактори на животната средина и да спречи формулата да се исуши и да стане тврда“.

Старата маскара почнува да се суши поради редовното изложување на стапчето на воздух. Оваа сувост доведува до лупење и акумулација на бактерии, а сето тоа ја загрозува ефикасноста на производот.

Старата маскара исто така акумулира нечистотија, прашина и бактерии. Со текот на времето, ова може да доведе до алергиски реакции или губење на трепките. Во екстремни случаи може да се појави конјунктивитис, пренесува „Yourizzy“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma