Познатиот музичар Мик Џегер ги изненади сите кога во едно интервју проговори за тоа кому ќе го остави своето наследство.Мик Џегер е еден од најпознатите музичари во светот и воедно еден од најбогатите.Тоа не е чудно, со оглед на тоа што тој е фронтмен на бенд кој владее со рок сцената околу половина век.
Мик неодамна даде интервју во кое изнесе неколку детали за тоа каде би можело да оди дел од неговото наследство,поточно една од највредните работи што ги има.
А во прашање е каталогот на бендот „Rolling stones“ со албуми по 1971 година.Мик јасно посочи дека каталогот може да оди во добротворни цели,наместо,како што многумина очекуваа,да им го остави на своите наследници.
– На децата не им требаат 500 милиони долари за да живеат добро.Ако оди во хуманитарни цели,можеби ќе направи нешто добро во светот – изјави Џегер и на тој начин привлече големи симпатии.Инаку, познатиот рок-музичар има дури осум деца,чија возраст се движи од 52 до само шест години.
Најстариот син Карис го доби од врската со актерката Марша Хант во 1970 година, додека неговата најмлада ќерка Девера, која е родена во 2016 година, е со балерината Мелани Хемрик.Можеби неговото најпознато дете е Џорџија Меј,која неодамна ја шармираше Венција.
А многу важна вест за фановите на бендот „Rolling stones“ е тоа што Мик и тимот неодамна го најавија објавувањето на новиот албум „The Hackney Diamonds“.Тоа ќе биде нивното прво издание по 18 години.Првата песна е веќе објавена и се вика „Angry“, а фановите открија и дел од песната што ја работеа со Лејди Гага и Стиви Вондер.