ТОП ЛИСТА НА 10 НАМИРНИЦИ Т.Н. „СУПЕР ХРАНА“: Спречете ја дебелината, срцевите и други болести и грижете се за вашето тело!

popara6 септември, 20241min00
Screenshot_3

Стручниот магазин Today’s dietitian, во соработка со 1.173 сертифицирани диететичари и нутриционисти спроведе студија за овогодинешните трендови во исхраната. Објавена е листа на 10 најздрави намирници при што фокусот е ставен на храната од растително потекло со широк спектар на нутритивни предности.

 

 

 

Листа на 10 супернамирници:

 

Ферментирана храна

Ферментираната храна како јогурт и кимчи (корејска лута зелка) се наоѓаат на врвот на листата, и тоа благодарение на својствата кои го зајакнуваат имунитетот и го поттикнуваат здравјето на цревата. Исхраната богата со ферментирана храна ја зголемува разновидноста на микробиомот на цревата и ги подобрува имунолошките реакции, велат истражувачите од Медицинскиот факултет на Стенфорд.

 

Боровинки

Ова овошје е мало, но има многу придобивки! Тие се богати со антиоксиданти, кои помагаат во заштитата на клетките од слободните радикали и можат да го намалат ризикот од рак, срцеви и други болести. Антиоксидантите се, исто така, неопходни за поцврста коса, нокти и сјајна кожа.

 

Егзотично овошје

Стандардните овошја како јаболка и портокали се секогаш добредојдени, но 2022 година ќе биде година на егзотичното овошје како што се асаи бобинки и перуански јагоди. Асаи бобинките имаат висока содржина на антиоксиданти, кои помагаат во намалување на холестеролот и го штитат мозокот од оштетување предизвикано од стареењето.

 

Семки

Семките како што се чиа семето или семето од коноп се намирници со голема хранлива моќ. Чиа семето е полно со антиоксиданти, минерали, влакна и омега-3 масни киселини, како и со калциум, фосфор и магнезиум.

 

Зелен чај

Овој пијалак Јапонците го консумираат илјадници години и тоа со добра причина! Истражувањата покажуваат дека зелениот чај има антивоспалителни својства и својства кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, но и ги согоруваат мастите и го забрзуваат метаболизмот.

 

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се одличен извор на протеини и влакна. Ф’стаците, на пример, имаат висока содржина на антиоксиданти, а некои студии покажале дека тие можат да го подобрат видот и превентивно да делуваат на срцевите заболувања.

 

Лиснат зеленчук

Лиснатиот, зелен зеленчук како зелката и спанаќот дефинитивно заслужуваат место во вашата исхрана! Тие содржат многу протеини и флавоноиди, кои помагаат во заштитата од оштетување од слободните радикали и разните воспалителни процеси. Спанаќот е богат и со витамините А и Ц, а научно е докажано дека помага во намалување на крвниот притисок и го намалува ризикот од срцеви заболувања.

 

Кељ

Кељот, кој исто така припаѓа на зелениот, лиснат зеленчук, го заслужи своето место на листата поради бројните хранливи придобивки. Кељот, како и спанаќот, е богат со протеини и флавоноиди, а изобилува и со витамините А, К и Ц и е добар извор на влакна.

 

Древни житни култури

Овој термин се однесува на сите оние житарки кои не се промениле илјадници години, како што се киноа, амарант, тефа, фаро житарките… Киноата е секако најпопуларната житарка од овој тип, а има висока содржина на влакна, витамини Б6 и Ц и ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини!

 

Авокадо

Авокадото е богато со антиоксиданти, но и со други хранливи материи кои помагаат кај холестеролот, негата на кожата, здравјето на очите, густината на коските и содржи масти кои се здрави за срцето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag