Два начини да се ослободите од стресот за помалку од 5 минути: Едноставен совет од психолог

popara1 септември, 20241min00
Screenshot_12

Без разлика дали се соочувате со потешкотии да го завршите некој проект или станува збор за секојдневните работни рутини, голема е веројатноста да сте под стрес.

 

 

 

Иако за да се справите со него на подолг период потребно е да вложите повеќе напори и да најдете соодветни механизми, постојат начини со кои за кратко ќе Ви се врати силата, и стресот ќе се редуцира.

 

Гледајте видео – што би можело да биде порелаксирачко од слатко кученце на видео? Науката вели дека ова ќе Ве направи попродуктивни кога повторно ќе се свртите на работата.

 

Дишете – баш така, едноставно. Во секојдневието неретко се случува дишењето да ни е плитко. Затоа, земете пауза од 2 минути и дишете бавно и длабоко. Стресот ќе се намали во истиот момент.

 

Прошетајте – не само што фактот дека сте надвор може да Ве ослободи од стрес, туку оваа вежба прави и други добри нешта за Вашиот мозок. На сите им е потребно време да си ја разбистрат главата.

 

Медитирајте – не Ви е потребно специјално место за да имате бенефит од медитацијата. Престанете да правите било што, вдишете и издишете неколку пати, најбљудувајте што чувствувате ментално, физички, емотивно и продолжете, но со намера.

 

Испланирајте нешто забавно за подоцна – направете пауза од 5 минути за да испланирате како ќе го завршите стресниот ден, без разлика дали ќе пратите порака на пријател за да се договорите за вечера или пак ќе истражите која серија да ја гледате. Можеби нема целосно да Ве ослободи од стресот, но барем ќе бидете на тој пат.

 

Напишете сѐ што треба да направите – на овој начин ќе се осигурате дека некаде се „паметат“ Вашите задачи и дека нема да имате многу сообраќај во мозокот. На крај прецртајте ја секоја задача што сте успеале да ја завршите.

 

Напишете сѐ што Ви пречи – многу студии покажале дека ако ги напишете чувствата побрзо ќе се ослободите од нив. Ако постои некој соработник што Ви пречи или Вашиот шеф е неразумен, извадете ги тие чувства на хартија, пред да ги кажете на глас, само осигурајте се дека никој нема да го види напишаното.

 

Боја – многу популарните боенки за возрасни не се само популарни. Не мора да бидете уметник за да се опуштите со некоја таква активност.

 

Слушајте ја омилената песна – музиката е голем ослободувач од стрес. Дури и во најстресните моменти, одделете барем 3-5 минути токму за омилената песна и ќе се вратите на работата многу посвежи.

 

Направете чај – топлиот чај според науката, во дождлив ден или во канцеларија со многу луѓе може да Ве општи многу повеќе отколку што замислувате. Дополнително, фактот дека ќе станете од бирото за да загреете вода Ви оди во прилог.

 

Насмевнете се – многу студии покажале дека едноставната насмевка може да го забави отчукувањето на срцето, што значи и дека го намалува стресот. Значи, не чекајте некој да каже шега. Ставете си насмевка на лицето.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag