Роден како Гордон Самнер,но сите насекаде го знаат како Стинг.
Стинг го открива потеклото на неговото уметничко име – иако тоа започнало како шега.Фановите на Стинг ќе знаат дека „Стинг“ (очигледно) не е вистинското име на кантавторот.
– Мојата сопруга Труди ме вика Стинг.Никогаш не ме викаа Гордон.Можеш да викаш на Гордон на улица,а јас само да се продолжам по патот.Моите деца ме викаат тато – изјави за Time во 2011 година.
Поранешниот фронтмен на “Police” го доби својот прекар откако поранешен колега од бендот се исмејуваше со неговата облека, а сега вели дека му е мило што шегата не е заборавена и стана негов заштитен знак.
– Ме натера да отпеам песна која беше страшна – изјавил Стинг за странските медиуми за колегата што му го дал прекарот.
– Така, во знак на протест почнав да носам црно-жолт џемпер.Почнаa да ме нарекува Стинг на шега.Сега сум благодарен за тоа. Ми се допаѓа мојот прекар бидејќи е краток – рекол тој.
Прекарот Стинг го доби од Гордон Соломон,водачот на бендот во кој свиреше,откако еднаш настапи во пуловер со црни и жолти риги,како пчела.
– Свирев во традиционален џез бенд кога имав 16 години со многу постари момци.Носев жолти и црни џемпери.И мислеа дека личам на пчела.Се шегуваа,ме викаа Стинг и мислеа дека е урнебесно – објасни еднаш Стинг.
Иако им беше интересно,на почетокот го иритирало.Меѓутоа,подоцна го прифатил својот прекар,по кој сега го препознаваат низ целиот свет.