Како да го освежите лицето и да изгледате помладо? 4 трикови против спуштени очни капаци

popara3 октомври, 20231min00
Трикови против спуштени очни капаци

Ладните облоги ќе ви помогнат брзо да ги подигнете очните капаци,кои се еден од показателите и за возраста и за лошиот начин на живот.
Освен брчките,спуштените очни капаци се голем непријател на убавината на средовечните дами.Скапите креми и маски често не им прават ништо,бидејќи тие се и знак за стареење,лоша исхрана и начин на живот.Понекогаш,според дерматолозите, спуштените очни капаци може да доведат до проблеми со видот.За да изгледате позадоволни, ве потсетуваме на неколку едноставни трикови кои можат да ви помогнат брзо да ги поправите знаците на стареење.

Камилица
Камилицата е позната по своето антиинфламаторно дејство. За да ги подигнете очните капаци потребни ви се две кесички чај од камилица кои претходно сте ги направиле во чај. Ќесичките ставете ги кратко во фрижидер, а потоа ставете ги на очите и чувајте ги 15 до 20 минути.

Белки
Белките од јајце инстантно ја затегнуваат кожата. Исчистете ја областа околу очите и добро исушете ја. Нанесете мала количина белка од јајце, оставете ја да се исуши, а потоа исплакнете со ладна вода.

Мраз
Мразот ги стеснува крвните садови и ја „оживува“ кожата. Поминете со коцка мраз неколку пати преку рабовите на очните капаци. На ист начин ќе ви помогнат и лажиците кои се кратко време во замрзнувач.,

Краставица
Краставиците се богати со кофеин и аскорбинска киселина, кои ги намалуваат воспалителните процеси и ја зајакнуваат кожата. Затоа козметичарите советуваат да го масирате лицето со краставица. Ставете прстен или два ладна краставица на отечените очни капаци и оставете ги да отстојат 15 до 20 минути.

Вежби за очните капаци
Затворете ги очите и ставете показалец над секое око. Раширете ги лактите на ниво на рамото. Избројте до пет, а потоа нежно стискајте ги очните капаци. Додека ги притискате, обидете се да ги отворите очите. Опуштете го притисокот и очните капаци. Повторете ја вежбата 10 пати.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag