Актерот Џозеф Гет се појави во судот во Лос Анџелес, каде што му претстои судење по наводите за сексуално експлицитни разговори на интернет со малолетничка.
51-годишниот актер, познат по улогата на Тен Варг во популарната серија „Игри на тронови“ на Ејч-би-о, пристигна во судницата во Лос Анџелес во понеделникот со својата долгогодишна партнерка, актерка и писателка, Мерси Малик.
Гет е пуштен на слобода со кауција од 5.000 долари откога беше уапсен во април 2022 година по налог за кривично дело контакт со малолетник за сексуален престап во Лос Анџелес.
Енрике Монгуја, судија на Врховниот суд во Лос Анџелес, кој претседава со случајот, соопшти во понеделникот дека случајот ќе продолжи на 4 декември откако обвинителот Мајкл Ферн рече дека се потребни дополнителни докази.
Појавувањето на Гет во судница доаѓа 18 месеци по апсењето во Лос Анџелес, а неговиот дом беше претресен од полицијата, поточно од работната група при одделот за малолетници ,чија задача е да истражува сексуална злоупотреба на деца преку интернет.