Новите фотографии на Бен Афек и Џенифер Лопез (Афлек) ги разбрануваа обожавателите и социјалните мрежи. Фотките неодамна беа снимени во Лос Анџелес. На тие фотографии пејачката изгледа нерасположено, па дури и луто, меѓутоа, додека едни велат дека тоа е сигнал дека нешто сериозно не е во ред во нивниот брак (особено што веќе имало слични сцени), други велат дека ова е обичен разговор, и дека хејтерите гледаат нешто повеќе.
Извор близок до Џенифер Лопез и Бен Алек изјави дека „нема ништо сериозно во овој разговор“.
Многу луѓе на Инстаграм се согласуваат со тоа, па кога велат дека ова се случува во секој брак, пред се мислат дека тоа е обичен разговор, а не расправија што „удира“ на секој брак, што е голем проблем. Останатите додаваат дека забележуваат оти Џенифер Лопез изгледа многу несреќно покрај својот сопруг и дека тоа се повторува.
Секогаш кога ќе се појават слични слики од некој познат пар, се појавуваат вакви коментари – дали поради нивната популарност, нереални очекувања тие двајца живеат во бајка, а не дека се брачен пар како сите други, или поради желбата да укаже што побрзо нешто негативно и кога таа негативност не се докажува до крај.
Сепак, прашањето зошто Џеј Ло ретко се насмевнува кога Бен Афлек е покрај неа останува отворено.
И покрај се, многумина сè уште веруваат дека нивната љубовна приказна крунисана со свадба минатата година е далеку од завршена. Треба да се нагласи дека спротивставени коментари го следат неговиот однос со поранешната сопруга Џенифер Гарнер, со која има три деца. Двајцата заедно се грижат за ќерките и синот уште од разводот во 2015 година, а тоа што неодамна се „одеднаш блиски“ некои тешко го дочекаа. Се губи од вид фактот дека оваа актерка е во врска со Џон Милер, како и фактот дека поранешниот пар поминале години заедно и имаат важна заедничка цел. Повеќе извори велат дека поранешната и сегашната сопруга на славниот актер се во одлични односи.
Бидејќи не недостигаат потреси на јавната сцена, не треба да се изгуби од вид ниту една опција, ќе видиме дали Џенифер Лопез и Бен Афлек ќе направат нов пресврт.
Има парови кои постојано беа насмеани во јавност, а потоа одеднаш раскинаа.