Жизел отсекогаш зборувала за нејзината љубов и почит кон земјата,а на Светскиот ден на животната средина во јуни,таа ја пофали мајката природа како „нашата најголема учителка“.
Жизел Бундхен ги сподели своите врвни совети за здравјето,а се однесуваат на составен и неизбежен дел од нејзината рутина, односно нејзиниот живот.
И не,не се работи за смути или теретана.Манекенката откри дека самото излегување на отворено и дава голем поттик на енергија и го подобрува нејзиното расположение.
– Некој еднаш ме праша: „Кој е вашиот најдобар велнес третман?“, а јас одговорив: „Природата е мојот најдобар велнес третман“ – откри Жизел.
– Само да го почувствувам сонцето, да пливам во океанот, да трчам по песокот и да ја почувствувам тревата под моите нозе. Да се биде во природа само по себе ви дава енергија. Едноставно се чувствувате добро – изјави таа за „People“.
Жизел,исто така,рече дека сака да живее во Мајами,Флорида,каде што се преселила во 2020 година,поради сончевото време.
– Го сакам сонцето.Каде и да е сонцето,таму секогаш се чувствувам најсреќна.Сонцето само прави да се чувствувате добро. Луѓето велат:„Ох, толку е жешко“,но јас велам:„Го сакам.Ја сакам топлината“.
Жизел отсекогаш зборувала за нејзината љубов и почит кон земјата,а на Светскиот ден на животната средина во јуни,таа ја пофали мајката природа како „нашата најголема учителка“.
Оддавајќи почит на убавината на природниот свет,таа напиша на Инстаграм:„Тоа ни покажува дека сè е меѓусебно поврзано и зависно. стануваме посилни кога работиме заедно.Природата не суди или дели.Таа негува.Таа не потсетува дека секој облик на живот е свет,важен и има своја посебна улога во создавањето рамнотежа за да може целиот живот да процвета.Природата има одговори ,и со набљудување како го одразува нејзиниот пример,сите можеме да напредуваме.Ова е нашиот дом, а нашите избори ја создаваат нашата иднина“.