Ким Катрал е новото лице на брендот за долна облека на Ким Кардашијан: Во стилот на Саманта Џоунс

popara4 октомври, 20234min00
profimedia-0774826086-830x0

Актерката Ким Катрал (67) е најновата славна личност која е дел од кампањата за брендот за долна облека за обликување на телото зад кој стои Ким Кардашијан.

Судејќи по фотографиите, актерката го канализираше својот култен лик од серијата „Сексот и градот“ – огнената Саманта Џонс.

Видеото објавено на официјалната страница на Инстаграм на „SKIMS“ во понеделник ја најави кампањата „Најдоброто од SKIMS“.

– Како се чувствувам во „SKIMS“? Ох, би сакале да знаете, нели? – рече Ким Катрал во стил на Саманта пред да ѝ намигне на камерата.

– Апсолутно фантастично – веднаш следеше одговорот што го даде актерката додека се вртеше за подобро да го покаже црното боди до бутовите. Таа подоцна го нарекува нејзиниот нов најдобар пријател.

На гламурозната ѕвезда во кампањата и се придружуваат уште неколку познати личности, меѓу кои актерката и пејачка Коко Џонс, ѕвездата на „Барби“ Хари Неф и Лана Кондор, како и Нели Фуртадо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SKIMS (@skims)

– Беше толку ослободувачки што можев да ги изберам моите омилени модели на „SKIMS“ за кампањата и парчето што најмногу ми се допадна беше „Sculpting Medium Thigh Bodysuit“. Совршено стои и ме прави да се чувствувам безбедно кога и да го носам – изјави Ким Катрал во медиумската кампања.

За фотосесијата, нејзиниот русокос боб беше стилизиран во сензуални разбушавени кадрици. Таа, исто така, имаше минимална и светла шминка со светкава тегет сенка и руменило во праска во комбинација со ладни nude усни.

Покрај корсетот, таа се фотографираше и во црн фустан од истиот бренд кој секоја жена изгледа како да има извајана половина и облини. Токму поради оваа причина овој бренд доживеа глобална популарност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma