8 намирници кои ќе ви го продолжат животот! Правилната исхрана ќе ви обезбеди дури уште 13 години

popara26 октомври, 20241min00
Screenshot_1

Областите во кои луѓето имаат најдолг животен век се Сардинија во Италија, Окинава во Јапонија, Икарија во Грција, Никоја во Костарика и Лома Линда во Калифорнија. Секоја од нив има различна култура, а со тоа и храна, но некои намирници им се заеднички.

 

 

 

Грашок

 

Грашокот е основна храна во сите сини зони. Содржи големо количество влакна, антиоксиданси и други хранливи материи кои помагаат во борбата против болестите. Таканаречениот црноок грашок е дел од секојдневната исхрана на Икаријците во Грција, но и во Костарика, а утврдено е дека е делотворен за спречување рак, за намалување на ризикот од срцеви заболувања и за лекување дијабетес.

 

Лук

 

Лукот редовно се консумира во областа Окинава во Јапонија. Според „Нешнл џиографик“, тој е еден од „најмоќните лекови на природата“ што е поврзан со намалување на ризикот од одредени болести кои обично се јавуваат во староста.

 

Авокадо

 

Жителите на Лома Линда во Калифорнија претежно се на вегетаријанска исхрана, а најбараната храна е авокадото. Исклучително е корисно за намалување на холестеролот, го намалува ризикот од дебелина и дијабетес тип 2 и е богато со калиум дури 30 отсто повеќе од бананите.

 

Компир

 

Компирите се главна храна за жителите на Икарија во Грција, додека виолетовиот редовно се консумира во Јапонија. Виолетовите компири содржат антоцијани кои помагаат во спречување болести. Богат е и со витамини А, Бе6 и Це, како и со калиум и други влакна.

 

Иако многумина тврдат дека компирот не е здрав поради високото ниво на јаглехидрати, Икаријците веруваат дека компирот всушност помага да се спречи дијабетесот и да се одржува низок крвен притисок.

 

Маслиново масло

 

Икаријците користат маслиново масло секој ден. Екстра девственото маслиново масло има долга листа со докажани здравствени придобивки, па затоа многу луѓе на Медитеранот, каде што маслиновото масло е широко користено, се меѓу најздравите во светот. Помага во намалување на крвниот притисок, контрола на телесната тежина и го намалува ризикот од одредени видови рак.

 

Лосос

 

Лососот и другите масни риби се најчестиот избор во Лома Линда, дури и кај оние што се вегетаријанци. Содржи висок процент на омега-3 масни киселини, за кои е докажано дека помагаат за здравјето на срцето, го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести и помагаат во намалување на хроничното воспаление.

 

Домати

 

Жителите на Сардинија сакаат домати и ги користат во повеќето јадења. Доматот е богат со ликопен, кој е антиоксиданс познат по своите антиинфламаторни својства. Исто така, има предност во намалувањето на крвниот притисок, го намалува ризикот од метаболички синдром и мозочен удар и го подобрува здравјето на срцето.

 

Вино

 

Пијалак кој ќе воодушеви многумина, а во повеќето региони со најдолговечни жители секојдневно на трпезата може да се најде чаша црвено вино како дел од здравата исхрана. Според официјалните податоци од сините региони, многу луѓе таму пијат и до две чаши дневно. Се разбира, во консумирањето алкохол умереноста е клучна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag