Во светските медиуми одекна веста дека на познатиот актер му се слошило.
Како што пренесува „The Sun“, на Кевин Спејси му трнела раката додека бил на Меѓународниот филмски фестивал во Ташкент, Узбекистан, по што итно бил пренесен во болница и постои сомневање дека доживеал срцев удар.
Според извештаите, тој бил подложен на магнетна резонанца, а му се слошило при посета на музеј. Потоа се пожали дека „целата лева рака му се вкочанила околу осум секунди“.
Во болницата му биле направени низа тестови и се посомневале дека може да доживее срцев удар, но лекарите му рекле дека се е во ред.
-Господинот Спејси беше однесен во болница поради здравствени проблеми. Лекарите и другиот персонал го прегледале темелно и било констатирано дека нема проблем со срцето, изјавил извор близок до актерот.
Подоцна истата вечер актерот излезе пред публиката и им се обрати на насобраните.
-Ова ме натера да одвојам момент и да размислам колку е кревок животот – за сите нас, рекол Спејси.