„Сега биди искрена“: Викторија лажеше за своето минато,а потоа Бекам ја посрамоти пред милионска публика

popara6 октомври, 20231min00
Викторија и Дејвид Бекам

Викторија се обиде да сокрие некои детали од своето минато,пред да го запознае Дејвид,но тогаш Бекам ја пресече.Дејвид и Викторија Бекам важат за еден од најдолговечните шоубизни парови во целиот свет.

И тие,како и сите јавни личности,се обидуваат да изградат одредена слика за себе во јавноста.

Тоа го прават, меѓу другото, со тоа што се обидуваат да манипулираат со некои информации за себе,односно да сокријат или „украсат“ некои работи од својот живот доколку е потребно.

Токму таква ситуација се случи во нивниот нов документарен филм Бекам, во кој на јавноста и открија засега непознати детали од минатото и за нивната интимност, меѓу другото, и за изневерувањето на Дејвид за која бруше цел свет.

Документарната серија на Дејвид и Викторија Бекам содржи многу различни моменти, а еден привлече големо внимание овие денови.

Тоа беше моментот кога Викторија се обиде да сокрие одредени информации од своето минато, но Дејвид пред милионската публика не и дозволи тоа.

И што точно се случи?

Викторија сакаше да се претстави пред гледачите како некој што доаѓа од работничката класа.

Во еден дел од овој документарец,кој многу брзо стана вирален на социјалните мрежи, Викторија раскажува како таа и нејзиното семејство биле членови на „многу вредната работничка класа“, со јасна желба да покаже дека не пливала во пари кога била млада и дека нејзините родители морале да работат напорно за секој цент.

Но, сепак,кога Дејвид ја слушнал нејзината изјава,веднаш поставил контрапрашање и на многу оригинален начин докажал дека таа не ја кажува вистината и дека отсекогаш била дел од високата класа.

– Ајде сега,биди искрена.„Со каков автомобил те возеше татко ти на училиште?“, праша Бекам

– Па, одговорот не е толку едноставен – се обиде да се извлече Викторија.

– Каков автомобил возел татко ти – беше упорен Дејвид и го повтори прашањето.

 

Кога видела дека не може да излезе од оваа „стапица“, Викторија сепак одговорила.

– Добро.Беа осумдесетите и татко ми имаше Rolls Royce – изјави модниот дизајнер.

– Благодарам -кратко изјави Бекам,по што триумфално ја напушти собата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma