Хју Џекмен конечно ќе открие се за себе и неговиот развод по 27 години брак

popara7 октомври, 20231min00
o_30728365_1280

Ненадејната објава дека се разведува од сопругата Дебора Ли-Фернес по 27 години брак не е единственото изненадување од кое Хју Џекмен им го приреди на своите обожаватели. Најдоброто допрва доаѓа бидејќи холивудскиот актер е во рана фаза на пишување нови „бомбастични мемоари“. Ѕвездата на научно-фантастичниот филм „Патување низ сеќавањата“ од 2021 година, овојпат ќе навлезе во своите сеќавања во прозна форма, пишувајќи за својот живот.

“Хју одлучи да ја напише книгата бидејќи конечно е искрен со себе. Темата ќе биде неговиот живот. Ќе се отвори како никогаш досега”, изјавил извор близок на актерот за US Weekly.

Во меѓувреме, откриено е дека актерот, кој се прослави во романтичната комедија во 2001 година со Мег Рајан, „Кејт и Леополд“, и неговата наскоро поранешна сопруга веќе некое време се справуваат со брачни проблеми. Нивната формална разделба не ги изненади блиските бидејќи, се чини, тие веќе извесно време водеа речиси одвоени животи. Но, во април минатата година, Џекмен и честиташе на сопругата за годишнината од бракот со зборови кои навистина не оставаат впечаток дека се напишани само колку да се каже. Јавното кажување на сопругата „те сакам“ е невообичаена ситуација во брак кој наводно тонел и тогаш.

image

„Те сакам Деб. Денес е нашата 27-годишнина од бракот. 27 години! Те сакам многу. Заедно создадовме прекрасно семејство. И живот. Твојата смеа, твојот дух, твојата дарежливост, хуморот, твојата шега, твојата храброст а твојата лојалност ми е неверојатен подарок. Те сакам со сето мое срце“, сподели актерот.
слика

Неговата книга ќе расветли зошто и кога нивниот брак, во кој го имаа 23-годишниот син Оскар и 18-годишната ќерка Ава, тргна надолу.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma