Како да го отстраните гел лакот дома? Само следете ги овие 5 чекори и ќе успеете да го отстраните без проблем

popara9 октомври, 20231min00
nail-polish-remover-3728092_1280

Гел лакот стана тренд во последните неколку години. Жените го сакаат, бидејќи е практичен, а со него и ноктите секогаш изгледаат уредно и тренди.

Сепак, како и сè, гел лакот има свои недостатоци. Освен што делумно ја оштетува плочката за нокти, гел-лакот бара посета на салон за убавина. Ако немате време, не можете да закажете или нешто друго е во прашање, не грижете се.

Ви донесуваме трик како да го отстраните гел-лакот од ноктите без да одите во салон за убавина, во удобноста на вашиот дом и без да ги оштетите.

Чекор 1: Земете турпија и нежно отстранете го само почетниот слој. Обликувајте го ноктот во посакуваната форма.

Чекор 2: Кожата околу ноктот треба да ја заштитите со масло или крема, за да не се оштети. Ацетонот нема да има штетно влијание врз ноктите, но кутикулите се доста чувствителни, па затоа мора внимателно да ги заштитите.

Чекор 3: Земете памук и натопете го во ацетон. Користете чист ацетон, а не на база на масло. На секој нокт ставете памук натопен со ацетон и потоа завиткајте го ноктот со фолија.

Чекор 4: Отстранете ги памукчињата и користете дрвен или метален стап за да го отстраните остатокот од гелот. Земете турпија за нокти и истурпирајте ги за да добиете убав сјај.

Чекор 5: Нанесете масло или крем за нега на нокти и оставете го да се исуши. По неколку часа се спремни за нова облога со обичен лак или едноставно безбоен премаз кој ќе направи да блеснат и да не се кршат додека не заздрават.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma