Канадскиот рапер го покажа своето големо срце:„Го имаш мојот збор,тука сум за што ти треба“

popara9 октомври, 20231min00
Дрејк

Канадскиот музичар Дрејк објави дека се пензионира поради здравствени проблеми со жеелудникот,а претходно на својата обожавателка ќе и обезбеди најдобра медицинска нега.

Канадскиот рапер Дрејк на 24 октомври го слави својот 37-ми роденден,а за повеќе од две децении од кариерата постигна се што можеше да сонува.Таткото на шестгодишниот син Адонис од врската со француската сликарка Софи Брусо има лично богатство чија вредност се проценува на 250 милиони долари,а дури 31 песна од неговите девет албуми стигнаа до топ 5. синглови на најпопуларната топ листа на Билборд,кој – според тој стандард – и официјално стана попопуларен музичар од “The Beatlesa”.

Сепак,пред неколку дена објави дека поради големи дигестивни проблеми се повлекува од местото на настанот до дополнително известување,а сега ќе се фокусира пред се на решавање на здравствените проблеми.Тој го објави ова на радиото Sound 42 на SiriusXM „Table For One“, каде што ги опиша неговите стомачни проблеми како „луди“.„Искрено,ќе паузирам подолго време,можеби една година.Нема да има нова музика додека не го разрешам ова,бидејќи со месеци се справувам со овие тегоби“,изјави Дрејк.Интервјуто беше објавено пред неговиот концерт во Торонто,промовирајќи го неговиот нов албум „For All the Dogs“ во арената Scotiabank.

А на концертот покажа дека има големо срце од сцената забележа знак кај публиката што ја држеше неговата обожавателка: „Штотуку ми беше дијагностицирана мултиплекс склероза,дали ќе ми ја разубавите вечерта?“ Штом прочитал, Дрејк и се обратил од бината.

„Мојот пријател и брат, колега,соработник и продуцент Ноа Џејмс Шебиб 40 е еден од најсилните момци кои чекореле на оваа земја и се бори со оваа болест.Затоа прво ќе ве поврзам со него,за да разговараме што и како понатаму.И тогаш ќе ви ја пружам најдобрата можна медицинска нега,терапија и лекови,тоа ви го ветувам.Го имате мојот збор,ќе разговарам со вас утре“,рекол Дрејк пред бурните овации од толпата.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma