По Бекам и Роби Вилијамс добива своја документарна серија на Нетфликс.Ви ги пренесуваме деталите

popara9 октомври, 20234min00
Роби Вилијамс

Откако Нетфликс објави документарна серија за Дејвид Бекам,уште една британска ѕвезда добива свој документарен филм.Во ноември ќе пристигне документарен серијал за Роби Вилијамс во четири дела.Наречена Роби Вилијамс,серијата вклучува досега невидена снимка која опфаќа 30 години од кариерата на пејачот.Еве што знаеме досега.

На Роби Вилијамс не му треба вовед.Тој е еден од најуспешните британски музичари на сите времиња,а серијата се поклопува со 25-годишнината од неговата соло кариера.Исто како Бекам,Роби Вилијамс ќе ги документира подемите и падовите и злоупотребата на медиумите.Тој ја започна својата кариера во бендот “Take That” во 90-тите,а потоа оди соло со хитови како “Let Me Entertain You”, “Angels” и “Feel”.Тој ги наполни медиумските колумни поради борбата со зависноста,а документарната серија ќе опфати 30 години од неговата кариера.Од “Take That”,соло кариера,зависност и “Take That” повторно обединување.

Нетфликс објави и официјален тизер за серијата,кој го најавуваат како суров,искрен и брутално реален.Роби Вилијамс се состои од стотици архивски и досега невидени снимки а во тизерот го слушаме самиот пејач како вели дека би сакал да се занимава со нешто друго.Тизерот најавува и дека ќе бидеме шокирани,згрозени,изненадени,заинтересирани и возбудени од серијата.

Покрај старите снимки,документарната серија темелно ќе го интервјуира пејачот и за неговите подеми и падови.

Документарната серија ќе ја режира Џо Перлман,исто така одговорен за документарниот филм за шкотскиот музичар Луис Капалди,кој пристигна на Нетфликс претходно оваа година,а беше продуциран од човекот кој стои зад документарниот филм Ејми награден со Оскар,за музичарката Ејми Вајнхаус.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robbie Williams (@robbiewilliams)

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma