Алек и Хиларија Болдвин во јавност со седумте деца:Позираат за совршена семејна фотографија

popara9 октомври, 20231min00
Алек и Хилари Болдвин

Живот со седум деца секој ден носи возбуда.

Брачната двојка Алек (65) и Хиларија Болдвин (39) ги земаа со себе седумте деца додека присуствуваа на меѓународниот филмски фестивал во Ист Хемптон во Њујорк во саботата.

Алек и Хиларија се фотографираа на настанот со нивните ќерки Кармен Габриела (10), Марија Лусија Викторија (2), Иларија Каталина Ајрин (1), синовите Рафаел Томас (8), Леонардо Анџело Чарлс (7), Ромео Алехандро Дејвид (5 ) и Едуардо Пао Лукас (3).

Хиларија во раце го носеше нивното најмало дете Иларија,а во исто време клечеше покрај децата за совршена семејна фотографија.

Мајката на седум деца обично споделува семејни содржини на социјалните мрежи,па во саботата преку фотографии ја опишала рутината на спиење со своите деца на „Инстаграм“.

Објавувајќи нова фотографија од синовите Рафаел,Леонардо и Ромео,мајката во својата објава напиша:„Овие три момчиња се диви! Можете да замислите со седум деца да спијат цела ноќ е ретка можност или шанса никогаш да не спиете искрено.Работам на тоа да ги натерам децата да спијат цела ноќ во нивните кревети.Моментално користам комбинација од специјален будилник кој ги менува боите кога е утро,монитор преку кој можам да разговарам со нив ако им требам само за да ги уверам нив дека сум таму навечер,и на крајот добрите старомодни ѕвездени карти  се награди“, објасни Хиларија.

Покрај секојдневните активности и грижите за децата, разбирливо има и чести прослави во семејството. Алек и Хиларија минатиот месец го прославија првиот роденден на својата ќерка Иларија.

За да ја одбележи оваа специјална пригода,Хиларија објави видео на Инстаграм,во кое имаше снимка од Иларија како лежи на градите веднаш по нејзиното раѓање.

Во својот опис,Хиларија сподели дека следи посебна традиција со своите ќерки,каде што ги фотографира на нивниот прв роденден во ист фустан.

– Среќен прв роденден Иларија Каталина Ирена.Толку многу енергија, забава и дивост во едно мало суштество! Многу те сакаме и среќни сме што твојата единствена душа ги благословува нашите животи – додаде гордата мама.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma