Детален љубовен хороскоп за окотмври 2023

popara9 октомври, 20231min00
Screenshot_2

Стрелци – подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. Ако сте во долга врска, можно е да размислувате за брак, деца или преселба во друга земја со партнерот.

 

 

 

Што ќе ви приреди овој октомври на поле љубов? Дали ќе го подобрите или заладите односот со партнерот?

 

Дали постои можност да ставите крај на врската? Ако сте сингл, дали можеби конечно ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот?

 

Љубовен хороскоп за октомври 2023:

Овен

Ако сте во врска

 

Ако сакате да ја спасите врската, на почетокот од месецот ќе мора да бидете внимателни. Партнерот сака повеќе внимание од вас и ќе има повисоки барања. Ова, пак, може да предизвика гнев и нервоза кај вас. Во втората половина од месецот почнува подобар период и би требало да најдете решение за проблемите.

 

Ако сте слободни

 

Ако планирате да ѝ се додворувате на личноста што ви се допаѓа, ќе мора да бидете пофлексибилни. Доколку уште трагате по оваа личност, во втората половина од месецот можно е да почнете врска, па дури и да се вљубите за многу краток период. Ќе бидете подготвени да го дадете најдоброто од себе и да жртвувате многу за оваа врска.

 

Бик

Ако сте во врска

 

Можно е да се сомневате во намерите на партнерот, особено ако сте во брак. Сепак, брзо ќе се ослободите од сомнежите и ќе барате начин да ја вратите довербата во врската. До крајот на месецот ќе можете да реализирате некоја заедничка цел и, генерално, да го подобрите односот.

 

Ако сте слободни

 

Најверојатно ќе почнете врска со личност која навистина сака да биде со вас. Овој нов партнер ќе биде подготвен на сè, само за да бидете заедно, дури и ако треба да ја криете врската од сите околу вас. Овој нов партнер може да биде и стар познаник или колега, односно личност која ја знаете подолго време.

 

Близнаци

Ако сте во врска

 

Можно е да се најдете во ситуација којашто ви изгледа безнадежно. Пред да почнете да се расправате со партнерот, прво бидете искрени со себе и добро размислете што навистина сакате. Бидете поодговорни кон партнерот, но и кон себе. Ќе треба да играте со отворени карти и ќе ги надминете проблемите.

 

Ако сте слободни

 

Можно е да се родат чувства кон познаник или пријател. Сепак, оваа личност најверојатно нема да биде подготвена за нешто повеќе со вас. Ќе имате и можност да запознаете некоја нова личност – на настан или преку интернет – по што веројатно ќе почнете врска со потенцијал да трае навистина долго.

 

Рак

Ако сте во врска

 

Потребата да направите некоја промена може да ве натера да направите грешка, па дури и во афект да раскинете со партнерот. Бидете реалистични со вашите очекувања и пробајте смирено да ги решите конфликтите со партнерот пред да направите грешка што нема да можете да ја поправите. Ако го смените односот, постои шанси да ја спасите врската.

 

Ако сте слободни

 

Ве очекува несигурен период на поле љубов, особено ако има личност којашто ви се допаѓа. Во втората половина од месецот можно е да продолжи несигурноста, но поверојатно е дека ќе ја преземете контролата во вашите раце. Ако почнете врска, внимавајте да не бидете нападни и да не ги наметнувате вашите потреби и желби.

 

Лав

Ако сте во врска

 

Се наоѓате на раскрсница кога станува збор за љубов, само бидете внимателни. Ако избрзате со некоја одлука можете да направите огромна грешка. Ќе се двоумите дали вреди да продолжите со врска која во моментов ви се чини напорна. Но, во голема мера овие мисли се поради вашето преголемо его. До крајот на месецот ќе дојдете до решение.

 

Ако сте слободни

 

Можно е да почнете кратка авантура со личност која е многу слична на вас. На почетокот нема да сакате ништо сериозно, но најверојатно ќе се родат чувства меѓу вас. Проблем може да ви претставуваат грешките од минатото, особено ако постои нерешен конфликт со поранешен партнер. Пробајте да го оставите ова зад вас.

 

Девица

Ако сте во врска

 

Генерално не сте трпеливи кога станува збор за љубовта, но овој период ќе го промените ова благодарение на партнерот. Но, може да ви биде тешко да направите компромис – тврдоглаво ќе се држите до вашите верувања и ова може да биде причина за конфликт кој ќе го решите до крајот на месецот.

 

Ако сте слободни

 

Нема да дозволите некој да си игра со вашите чувства, најмногу бидејќи периодов сте почувствителни. Можно е да почнете врска со нов познаник кој ќе ви помогне да ја откриете вашата романтична страна. Во меѓувреме, можно е да запознаете и друга личност што ви се допаѓа, па ќе се двоумите дали да ризикувате и да почнете афера.

 

Вага

Ако сте во врска

 

Ќе ви се чини дека сте пред огромна промена и ќе се прашувате дали да продолжите со врската или да ја прекинете. Ќе поставите нови услови и јасно ќе ги споделите вашите желби. Сепак, внимавајте партнерот да не забележи дека размислувате да го оставите, особено ако сте навистина сериозни во намерата.

 

Ако сте слободни

 

Можно е да бидете мета на постара личност или колега од работа. Всушност, месецов нема да ви недостасуваат додворувачи. Држете ги очите отворени бидејќи можно е да испуштите добра пригода за личност која само на поч етокот ќе ви изгледа како соодветен партнер.

 

Скорпија

Ако сте во врска

 

Ве очекува напорен и стресен период. Чувствувате љубомора која партнерот не ја забележува, па честопати несвесно ја тестира. Немојте да предизвикувате сцени и дополнително да го влошите односот меѓу вас. Подобро разговарајте со партнерот за да се ослободите од непотребните грижи.

 

Ако сте слободни

 

Можно е да запознаете некоја јавна личност и помеѓу вас да се родат чувства. Сепак, и покрај вашиот шарм, ќе делувате малку нападно со што ќе ја оттргнете оваа личност од вас. До крајот на месецот можно е да ѝ дадете шанса на личност која пробува да ве освои веќе подолг период.

 

Стрелец

Ако сте во врска

 

Подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. Ако сте во долга врска, можно е да размислувате за брак, деца или преселба во друга земја со партнерот. Среќни сте со сегашниот партнер, само внимавајте – кон крајот на месецот ќе бидете склони кон непромислени постапки кои можат да предизвикаат конфликти.

 

Ако сте слободни

 

Ве очекуваат неколку интересни средби со личности кои ќе ви остават мошне добар впечаток. Сепак, ако почнете да се гледате со некого, извесен период не кажувајте за овој нов партнер. Кон крајот на месецот можно е да избрзате со некоја одлука, па бидете внимателни ако сакате да ја зачувате новата врска.

 

Јарец

Ако сте во врска

 

Нема да ви недостасуваат возбудливи моменти, но можни се и караници и љубоморни сцени. Од вас ќе зависи дали ќе го подобрите или само ќе го влошувате односот до крајот на месецот. Ако сте во понова врска, не би требало да се соочите со овие проблеми и ќе се зближите со партнерот.

 

Ако сте сингл

 

Ако одите на патување, најверојатно ќе запознаете личност која ќе почне да флертува со вас. Ова ќе резултира со кратка, но возбудлива врска. Можно е да почнете и тајна врска со некоја личност, но ова ќе си донесе свои ризици. Најдобро не брзајте со одлуките до крајот на месецот.

 

Водолија

Ако сте во врска

 

Ако сте во подолга врска, можно е да почувствувате криза, па бидете внимателни. Вие ќе бидете премногу искрени и отворени, додека партнерот ќе прави непромислени работи. Со сериозен разговор можете да ставите крај на овие проблеми, но ќе треба и двајцата да се потрудите.

 

Ако сте слободни

 

Доколку сакате да флертувате и често да менувате партнери, октомври ќе ви даде одлична можност за ова. До крајот на месецот можно е недоразбирање со личност којашто ви се допаѓа. Пробајте да не паѓате на провокации и немојте наивно да верувате во што било.

 

Риби

Ако сте во врска

 

Месецов ќе имате многу работни обврски ќе бидете под стрес, а ова ќе се одрази на односот со партнерот. Ако до неодамна ве мачеле грижи и сомнежи, до крајот на месецот со партнерот ќе успеете да најдете заеднички јазик и да се ослободите од проблемите.

 

Ако сте слободни

 

Ќе имате можност да избирате кој ќе биде вашиот следен партнер, но вашите очекувања ќе бидат превисоки. Па, тешко дека ќе му дозволите на некој да влезе во вашиот живот. Сепак и покрај високите очекувања, можно е да бидете наивни, па внимавајте да не завршите со некој измамник.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma