Која е тајната на совршената линија на Ева Лонгорија (48)? Таа не вежба за стомачни,туку за „ментална бистрина“

popara10 октомври, 20231min00
Ева Лонгорија

Холивудската актерка вели дека „Животот го троши телото, затоа треба да се грижиме за него“.

Ева Лонгорија ја шармира планетата уште откако се појави во култната серија „Очајни домаќинки“. Сите зборуваа за нејзините совршено симетрични црти и неверојатна фигура.Оваа џебна Венера имаше подобри стомачни и бицепси од многу мажи.

И сега,дваесет години подоцна сè уште изгледа исто толку затегнато,а сите се прашуваат „како“?

Ева Лонгорија вели дека „целиот нејзин живот е фитнес рутина“.- Тоа не е мода или момент. Фитнесот е начин на живот. Секогаш се движев и мислам дека тоа е многу важно.Бев спортист и навивачка на факултет,а сега,подоцна во животот сè уште активно се занимавам со спорт.Кога бев млада сакав стомачни,сега ми треба вежбање заради ментална бистрина – истакнува Ева.

Различни рутини
И покрај тоа што е постојано во движење како претприемач,режисер и продуцент,Лонгорија се труди да постигне сè — да го започне денот со многу вода,витамини и суплементи.А потоа оди во теретана.

Не сум ни расонета,а веќе ставам топ за во теретана.И тогаш кога моето тело ќе се движи,умот го достигнува – наведува таа.Во интервју за Women’s Health во 2022 година,Лонгорија сподели дека „го одржува своето тело по еден час дневно,без разлика на околностите,за да остане на вистинскиот пат“.

Таа сака да прави различни вежби,вклучително и тренинг за сила, јога и скокање на трамболина.- Порано бев тркач,но сега кога ми треба добро да се  испотам,сакам да скокам на трамболина.Вежбата не е само скокање,туку кореографска рутина со движења како што се чучњеви и скокови,а благодарение на трамболина нема голем притисок врз зглобовите.Тоа е одличен ментален тренинг бидејќи не можеш да залуташ, мора да бидеш присутен – изјави Ева.

Сепак, подеднакво сака да оди во теретана и истакнува дека „свеста е важен дел од тренинзите“.

– Додека кревам тегови навистина размислувам за тој еден мускул што го зајакнувам.Како што старееме,само стоењето од подот без да се држиме за нешто бара сила на јадрото и на нозете.Навистина ви е потребна таа основна мускулна маса за подвижност – објаснува Ева.

И таа е во право – основните мускули играат важна улога во поддршката и стабилизирањето на ‘рбетот и карлицата. Ако овие мускули станат слаби,тоа може да доведе до секакви повреди и болки.

Пожртвуваност
Напорниот распоред на актерката бара многу дисциплина,но таа е решителна жена која истрајува во своите цели.

– Луѓето не можат да поверуваат дека се будам во 4.30 наутро за да се спремам за теретана и до 6.30 да стигнам на снимање,но не ми се спие.Добро спијам затоа што добро јадам.Сите оброци ми се планирани.Многу внимавам на тоа што влегува во моето тело – вели таа.

И тука не е крајот на трудот што оваа жена го вложува за да изгледа и да се чувствува најдобро што е можно.Таа исто така оди на масажи,акупунктура и хиропрактика три пати неделно.

– Многу луѓе се парализираат од процесот или не се сигурни од каде да почнат.Но животот го „троши телото“, грижете се за него – заклучила убавата Ева, а пренесува “Popsugar”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag