5 ТРИКОВИ ЗА ШМИНКАЊЕ КОИ ЌЕ НАПРАВАТ ДА ИЗГЛЕДАТЕ МЛАДОЛИКИ:Доколку ги примените нема да имате потреба од професионални шминкери

popara10 октомври, 20231min00
5 ТРИКОВИ ЗА ШМИНКАЊЕ КОИ ЌЕ НАПРАВАТ ДА ИЗГЛЕДАТЕ МЛАДОЛИКИ

Трикови за шминкање кои ќе го направат лицето светло свежо и младешко.Со овие 5 чекори,можно е да изгледате помладо и негувано.

Ако се користи правилно,шминката може да направи лицето да изгледа посвежо и помладо исто како добра фризура.

Со вистинските производи и трикови со примена,дефинитивно можете да изгледате помладо,а доколку ги следите овие мали трикови,можете да изгледате и до десет години помладо.

1. Прајмер

Прајмерот или подлогата ќе ги пополни малите пори и несовршеностите на лицето и ќе го подготви за пудра.Ќе направи пудрата на лицето да изгледа еднолично и уредно,а кожата да изгледа „испеглана“.

2. Изедначен тен на кожата

Понекогаш е потребно да се покријат само неколку проблематични области – дамки предизвикани од изложување на сонце, темни кругови или црвенило околу носот. Можете да ги покриете сите несовршености со нанесување на коректор после основата и на местата на кои им е потребна поголема покриеност.Погрижете се коректорот да биде за нијанса посветол од пудрата.

3. Руменило и хајлајтер за свежина и сјај

Сакате да постигнете свеж сјај? Ова можете да го направите ако користите кремасти типови на руменила, кои се во живи нијанси на розова боја. Нанесувањето на хајлајтерот над јаболчниците ќе направи лицето да блесне,и ќе создаде ефект на совршена кожа,како нежен филтер на Инстаграм.

4. Сенка и маскара

Сенката може да биде во боја на руменило или бронзер,па лицето ќе изгледа еднолично,додека маскарата ќе ги истакне очите и ќе ги нагласи трепките.

5. Кармин во нежна нијанса

Кожата на усните е тенка и нема лојни жлезди,што ги прави линиите повидливи.При изборот на кармин,најдобро е да се одлучите за оние кои содржат хидратантни состојки,како што се глицерин и шеа путер.Најдобра боја? Нежна,но ефективна,нуде розова боја,која му ласка на секој тен.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma