Ако и вие сте една од оние жени кои сакаат косата што побрзо да им порасне, тогаш време е да го промените шампонот кој го користите.
Наместо да купувате скапи хемикалии кои ви ветуваат брзо растење и зајакнување на влакното, ви го нудиме следниов евтин рецепт.
- 750ml обичен шампон од коприва
- 30ml масло од коприва
- 1 шишенце AD капки на водена база
- 100ml пантенол раствор
- 50ml масло од рицинус
Измешајте ги сите капки со шампонот и добро протресете додека течностите не се изедначат.
Користете го шампонот при секое миење на косата и ќе забележите дека по неколку седмици ќе стане помека и поздрава, а со тоа што влакната нема да се кинат, и подолга.