ТОПЛА ИЛИ ЛАДНА СОБА? Ова е идеална температура за КВАЛИТЕТЕН СОН

popara27 октомври, 20241min00
profimedia-0323419703

За да можете правилно да функционирате и да се носите со секојдневните предизвици, неопходен е добар сон. Но, за да може сонот да биде квалитетен, треба да внимавате на некои работи.

 

 

 

Многу луѓе сакаат да спијат на топло место, особено кога доаѓаат студените зимски денови. Но, експертите велат дека тоа не е толку здраво. Истражувањата покажуваат дека подобро се одразува на здравјето на луѓето кога температурата во просторијата е пониска. Високата температура го поттикнува лачењето на кортизол, т.н. хормон на стресот, додека спиењето во постудени простории помага да се одржи.

 

Научниците исто така тврдат дека спиењето во топла соба може да влијае на лошите соништа, кои често се поврзуваат со стресот.

 

Просечната температура за квалитетен сон и добро здравје е околу 18 степени, а се што е над тоа може да има негативен ефект.

 

За да можеме да заспиеме, треба да изгубиме еден степен од внатрешната температура, што е околу 37 степени. Овој степен најчесто го губиме преку лицето и главата, односно деловите од телото кои не се покриени. Во длабок сон нашето тело ги обновува клетките, ја подобрува меморијата, но не е во состојба да ја регулира температурата, објаснуваат експертите. Ако спиете во прегреана просторија, температурата на вашето тело може да не го достигне нормалното ниво што му е потребно.

 

Лекарите истакнуваат дека и пониските температури можат да им помогнат на луѓето кои ‘рчат. Се препорачува употреба на ќебиња од памук или природни материјали бидејќи ја одржуваат температурата. Загрејте ја спалната соба во текот на денот, а пред да заспиете исклучете го греењето, советуваат експертите.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag