Новата љубов на Бред Пит маестрално комбинираше ретро фармерки во ласкав стајлинг

popara12 октомври, 20231min00
Инес де Рамон

Уште кога нејзината врска со Бред Пит стана јавна,атрактивната Инес де Рамон тешко може да помине незабележана.А дополнително внимание привлекува со одличниот стајлинг за секој ден,кој е одличен пример за лежерен шик.

Откако се дозна за нивната романса минатиот ноември,59-годишниот актер Бред Пит и 30-годишната дизајнерка на накит Инес де Рамон повеќе не се кријат и без проблем се појавуваат во јавноста.Сепак,иако славниот актер е фокусиран на иднината со својата избраничка,која е 27 години помлада,сепак не брза со големи чекори во врската,па Инес се уште не ги запознала неговите шест деца со поранешната сопруга.Анџелина Џоли.

И додека бројните гласини и шпекулации за нивната врска не престануваат,убавата Инес,инаку потпретседателката на луксузниот бренд за накит “Anita Ko Jewelry”, на секој чекор привлекува внимание со својот префинет моден стил.Таа редовно избира едноставни,основни парчиња кои ги комбинира во многу ласкави и шик комбинации. А се чини дека тaa и поранешната сопруга на Бред,Анџелина Џоли ја делат љубовта кон безвременските парчиња и монохроматските бои.

Инес овој пат беше уловена од папараците на улиците на Лос Анџелес,а во преден план беше нејзиниот стилски стајлинг, едноставен,ненаметлив и вечно тренди.Таа ја искомбинирa класичната бела маичка со црни фармерки и покажа уште еден контрастен стајлинг вреден за копирање.Посебен детал беше врзаниот јазол на кошулата,кој во исто време го истакна струкот, но на изгледот му даде и ретро шмек Сепак,ѕвезда на овој стајлинг беа фармерките,хит модел со широки ногавици и висок струк,кој со својата удобност и изглед ги освои и најголемите застапници на тесни фармерки.

Атрактивната Инес го заокружи својот изглед со мала црвена чанта која ја носеше преку рамо,безвременски Ray-Ban наочари и шпицасти чизми во каубојски стил,кои со зголемената популарност на чевлите со шпиц повторно ги освојуваат гардеробите на модните трендсетерки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma