Состојбата на легендарниот актер е се потешка: Брус Вилис тешко може да препознае со кого разговара

popara13 октомври, 20231min00
o_30803465_1280

Откако се дозна дека платформата Hulu ќе ја прикажува серијата „Moonlighting“, нејзиниот автор Глен Гордон Карон го чека вистинскиот момент за да му ја соопшти одличната вест на својот добар пријател Брус Вилис. Тоа е многу успешна криминална серија на ABC, се прикажуваше од 1985 до 1989 година, аВилис ја играше улогата на детективот Дејвид Адисон додека партнерка на сетот беше моделот и актерка Сајбил Шеферд во улогата на разгалената сопственичка на детективската агенција Медлин Хејс.

image

Очигледната хемија меѓу Вилис и Шеперд привлече гледачи, серијата „Moonlighting“ денес има култен статус и Брус Вилис благодарение на овој проект ги отвори сите врати во забавната индустрија. Накратко, репризата на серија на Hulu е голема работа, па Карон едвај чекаше да му ја соопшти веста на својот пријател. Кога сопругата на Вилис, Ема Хеминг, го известила дека неговиот пријател боледува од афазија (подоцна се потврди дека се бори и со фронтотемпорална деменција), тој го посетил.

image

„Она што ја прави неговата болест толку зачудувачка е тоа што ако некогаш сте поминале време со Брус Вилис, знаете дека не постои личност која имала повеќе „joie de vivre“ од него. Тој го сакаше животот. Сакаше да се буди секое утро и да живее“, изјави тажниот режисер за американските медиуми.

Тој додаде дека се обидел да остане во неговиот живот и кога морал да се пензионира поради болест, разговара со него кога е можно, најчесто со сопругата, а пријател е и со возрасните ќерки на Вилис од неговиот поранешен брак со Деми Мур. Затоа, многумина беа тажни од изјавата на Карон дека состојбата на неговиот пријател брзо се влошува.

image

„Моето чувство е кога зборуваш со него три минути, тој знае кој си само во првата минута. Тој е сè помалку вербален. Порано „голташе“ книги, а сега не знае да чита. Јазичните вештини веќе не се достапни за него, но сепак е Брус. Кога сте со него, знаете дека тој е Брус и сте благодарни што е физички таму, но неговата „радост за животот“ ја нема“, известува Page Six.

Тој објасни дека процесот за добивање права за емитување на платформата Хулу траел долго, но режисерот некако успеал да му пренесе на Вилис дека публиката повторно ќе ја гледа серијата со која се прославил. „Можев да комуницирам со него пред болеста да го направи некомуникативен како што е сега. Знам дека тоа многу му значи“, заклучил режисерот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma