Автомеханичарката Џеј Ло: Ѝ ја критикуваа облеката, а не знаеја дека на себе носи 80 илјади долари!

popara13 октомври, 20234min00
64209_profimedia-0783145401_f

Не можеме, а да не забележиме дека Џеј Ло прави интересни модни потези. А едно од нејзините изданија, кое беше снимено пред неколку дена на улиците на Лос Анџелес, го привлече вниманието на љубителите на модата и луѓето на мрежите.

Латино дивата се појави во oversized тексас комбинезон. Иако е во тренд оваа сезона да се носи голема облека, а ова нејзино лежерно издание е навистина одлично, мрежите веднаш почнаа да викаат дека изгледа како автомеханичар.

Сепак, не треба да заборавиме дека во нејзиниот случај, кежуал значи и многу скапо. Особено кога станува збор за другите детали од овој стајлинг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Самиот комбинезон е скап по наши стандарди, но не и за Џеј Ло – чини 647 долари и е од колекцијата на модниот бренд R13. Сепак, сето тоа е скромно за останатите делови од аутфитот. Чизмите се резултат на соработка на брендовите „Џими Чу“ и „Тимберленд“ и нивната цена е 1.295 долари.

Очилата за сонце Bottega Veneta чинат 550 долари, додека нејзината чанта Birkin чини скромни 35.000 долари.

Накитот е посебна приказна. На тој ден таа носеше прстен од Диор (25.500 долари), нараквица Хермес Колие Де Чиен (1.225 долари) и обетки Џенифер Фишер Самира (275 долари).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma