Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот имунолошки систем.
- Добар е за здравјето на кожата
Тој е полн со антиоксиданси кои ја штитат кожата спречувајќи ги слободните радикали да се врзуваат за нашата кожа и да ни создадат проблеми.
Исто така, богат е со витамини Ц и Е, а познато е дека витаминот Е делува како заштита на кожата од УВ зраците, така што консумацијата на спанаќ штити од сонцето.
Витаминот Ц го поддржува производството на колаген во нашата кожа, го спречува развојот на брчките и ја стимулира еластичноста на кожата.
- Ги зајакнува мускулите
Овој зеленчук, исто така, содржи голем процент нитрати кои помагаат во изградбата на мускулното ткиво.
Нитратите се одговорни за зголемениот проток на крв и им помагаат на мускулите да работат, а со тоа го помагаат и развојот на мускулните влакна.
- Го чува срцето
Гликолипидите кои се наоѓаат во овие зелени зеленчуци му помагаат на телото да произведе азот оксид, а оваа молекула предизвикува крвните садови да се шират и со тоа да се намали напрегањето на срцето. Крвта на тој начин циркулира полесно во телото и го намалува крвниот притисок.
- Го намалува ризикот од дијабетес
Спанаќот содржи и магнезиум, кој го регулира нивото на шеќер во крвта, што е многу важно за да се намали ризикот од дијабетес.
Консумирањето спанаќ обезбедува доволна количина магнезиум во организмот. Една чаша спанаќ на ден содржи 6% од дневниот внес на магнезиум.
- Овозможува чувство на ситост подолго време
Една чаша од овој зеленчук содржи и 3% од препорачаната дневна доза на влакна. Салатата од спанаќ е идеално јадење ако сакате витка линија затоа што растителните влакна овозможуваат чувство на ситост.
Тие го забавуваат варењето на храната, но важно е да пиете многу вода за да му помогнете на влакната да си ја завршат работата.
- Може да го намали холестеролот
Лутеинот што се наоѓа во оваа храна, исто така, го спречува високиот холестерол бидејќи му помага да не се задржи и собира во артериите.
- Го одржува здравјето на очите
Спанаќот ги штити очите од штетните УВ зраци, но и од дегенерација и катаракта на очите.
Двата антиоксиданти кои му помагаат на здравјето на очите се лутеин и зеаксантин и тие го намалуваат оштетувањето на леќите од сонцето.
- Го подобрува расположението
Покрај тоа што е добар за физичкото здравје, спанаќот има корисен ефект и врз менталното здравје. Како и другите лиснати и зелени зеленчуци и тој се смета за природен антидепресив.
Исхраната која вклучува спанаќ придонесува и за здравјето на мозокот, а магнезиумот помага во спречување на депресијата. Зголемувањето на нивото на магнезиумот нè прави посреќни бидејќи влијае и на нивото на серотонин во крвта.