Паричник и чанта
Според учењето на Фенг Шуи, позајмувањето паричници и чанти е поврзано со одлив на пари од куќата и неочекувани трошоци. Многу жени си позајмуваат облека и чевли, но со овие предмети тоа не треба да се прави, велат експертите. Добра идеја е редовно да го организирате плакарот и да го исфрлите она што не го носите и она во кое повеќе не се чувствувате убаво.
Што да правите со облеката што сте ја добиле
Ако нема да ги фрлате работите, треба да ги дадете од срце на некој што ќе ги искористи. Иако се подразбира дека ќе подарите чиста облека и тој што го прима подарокот треба да ја испере. Се препорачува да се натопи во ладна вода со растворена шака сол, да се чува околу половина час, а потоа да се измие. Истото треба да го правите и со облека купена во продавници за користена облека.
Не одете во туѓи папучи
Не е добро да ги позајмувате вашите папучи на други, се верува дека тоа може да донесе проблеми на работа. Ако не ви се допаѓа гостите да се шетаат низ вашата куќа со чевли, набавете неколку пара влечки во хотелски стил кои ќе ги користат само гостите.