Сувата кожа е причина за многу несакани промени на кожата,па затоа акцентот треба да биде на интензивната хидратација.
Со првите есенски денови и новата сезона не ги менуваме само модните навики,туку и оние во негата на лицето и телото. Пониски температури,зголемен смог и загадување,како и подолг и почест престој во затворени простории – сето тоа ја прави кожата дехидрирана и изгледа без сјај.
– Како што влегуваме во есента,температурата опаѓа,но и влажноста на воздухот што предизвикува губење на вода од нашата кожа,што ја остава сува и почувствителна на разни алергени и надразнувачи од надворешната средина – вели специјалистот по дерматовенерологија д-р Марија Стојанчиќ и додава:
– Токму од тие причини треба да ја прилагодиме рутината за нега на лице и тело на овој период од годината.Акцентот треба да биде ставен на подобрување на хидратацијата со соодветни хидратантни креми и формулации избрани според типот на кожа.
Сувата и дехидрирана кожа е причина за појава и влошување на одредени состојби,болести и воспалителни процеси на кожата како што се атопичен дерматитис – егзема, псоријаза,себореичен дерматитис, розацеа.Есента е и периодот кога ефектите од летото и сончевата светлина е поизразена во форма на хиперпигментација,односно темни дамки на кожата,кои за многумина претставуваат голем естетски проблем.
Според д-р Стојанчиќ,постојат многу терапевтски опции кои можат да помогнат во ублажување и лекување на овој проблем, почнувајќи од производите за домашна нега и завршувајќи со процедурите што се изведуваат во ординациите за дерматологија.
– Најдобро е да се консултирате со вашиот дерматолог кој во зависност од видот и причината за хиперпигментацијата ќе ви препорача адекватна терапија.Сепак,нашиот соговорник потврдува дека и овој период од годината има свои предности кога се работи за нега на лицето и телото и додава:
– Постудените месеци со помалку сончеви денови се погодни за секаков вид на дерматолошки и естетски третмани! Во овој период,за разлика од летото,може да се направат подлабок хемиски пилинг и ласерски третмани,како и сите други процедури кои ни беа достапни во текот на летото – мезотерапија, PRP, микронидлинг.Секако,не смее да се заборави на употреба на заштитен фактор во текот на целата година – советува д-р Марија Стојанчиќ.