ИЗБУВНА ВОЈНА ПОМЕЃУ НАСЛЕДНИЦИТЕ НА ПОЧИНАТИОТ МОДЕН КРЕДАТЕР ПЈЕР КАРДЕН

popara17 октомври, 20231min00
Пјер Карден

Додека едната страна сака да ја задржи групацијата “Cardin”,другата се надева дека ќе ја продаде компанијата за неколку милиони евра.

Како што се случува во империите,така и во познатите модни куќи,по заминувањето или смртта на нивниот основач,сè се менува. Случајот со куќата на Пјер Карден е уште еден доказ за тоа колку лесно монументален колос може да се урне кога основачот ќе почине.

Францускиот моден дизајнер,кој почина во 2020 година,очигледно не остави јасни упатства за тоа што ќе се случи со неговиот имот кога ќе почине.Како резултат на тоа,22 члена од неговото семејство сега се караат меѓусебно за тоа кој ќе ја преземе контролата врз компанијата и – што е најважно – каква ќе биде нејзината судбина.

Според извештајот на “The New York Times”,битката моментално се води во судовите каде се слушаат наводите за злоупотреба на старешини,фалсификување,кражби и други злосторства.„Тажно е што историска куќа како оваа дојде до ова“, рече Луис Карден-Едвардс,братучед на Карден.„Ова е толку одвратно.

Во еден агол е Родриго Базиликати-Карден,кој е на чело на модната куќа Pierre Cardin од смртта на неговиот вујко Пјер. Работеше за Cardin повеќе од 20 години и моментално е извршен директор на холдинг компанијата Pierre Cardin Evolution и уметнички директор на брендот Pierre Cardin.Базиликати-Карден тврди дека тој е вистинскиот наследник,сака да ја задржи компанијата и да остане на чело на бизнисот,со поддршка од неговиот брат и сестра.

Од другата страна се 19 роднини од семејното стебло Карден кои сакаат да ја продадат компанијата.Четворицата го обвинија Базиликати-Карден за разни кривични дела,што тој ги негираше. Според ,”The New York Times” париското обвинителство покренало истрага на почетокот на оваа година.

Во центарот на спорот е тестаментот,за кој Базиликати-Карден тврди дека го пронашол по смртта на познатиот дизајнер,во кој се наведува дека тој е единствениот наследник.Иако тестаментот е датиран,тој е непотпишан и никогаш не бил регистриран кај француските власти.Противничката странка во тужбата тврди дека тестаментот е неважечки,што беше потврдено со судска одлука лани во март.Сепак,Базиликати-Карден ја обжали одлуката,а парискиот апелационен суд се очекува да донесе одлука до крајот на годината.

Во овие околности,се чини дека е елиминирана секоја можност за продажба на компанијата,како и секоја можност за компромис меѓу наследниците.Како што беше откриено,минатата година куќата добила понуда од 800 милиони евра за купување.

Што ќе се случи со престижната модна куќа,останува да видиме.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma