25 прашања кои можат да покажат дали сте подготвени за брак

popara18 октомври, 20231min00
Прашања кои можат да покажат дали сте подготвени за брак

Модерните парови ширум светот се повеќе практикуваат неконвенционални врски.

И додека мнозинството млади луѓе сметаат дека бракот е мртва буква,малцинството го гледа како можност за создавање семејство и заедништво преку физичка,емоционална и духовна припадност.За нив бракот е логичен редослед на настани,а се повеќе млади влегуваат во брачното пристаниште.

Избрзаните одлуки понекогаш може да резултираат со распад на бракот,особено ако сме го направиле тој чекор пред целосно да ја запознаеме другата страна.

Љубовта е интензивно чувство кое автоматски ни става розови очила на главата,па затоа не можеме рационално да гледаме на ситуацијата во која се наоѓаме.

Затоа,пред да го кажеме тоа судбоносно да,треба да си поставиме неколку прашања и да провериме дали сме подготвени за тој чекор.Во продолжение прочитајте 25 прашања што треба да ги знаете доколку планирате свадба.

1.Зошто сакам брак?
2.Дали среќата на мојот партнер навистина ми е најважна?
3.Зошто е тој/таа?
4.Ќе се збогатиме ли како пар откако ќе се венчаме?
5.Може ли да се справам со неочекувани проблеми?
6.Дали сум подготвен/а за вечен компромис?
7.Дали верувам во фразата додека смртта не се раздели?
8.Дали сум подготвен/а да се жртвувам за (брачната) заедница?
9.Дали и двајцата планираме семејство?
10.Што ако некој од нас не може да има биолошки деца?
11.Дали сум подготвен/а да бидам дел од неговото семејство?
12.Дали сум подготвен/а да најдам заеднички јазик со неговата мајка?
13.Дали и двајцата имаме исти ставови за финансиите?
14.Како ќе се приближиме ако се оддалечиме?
15.Може ли да прифатам сосема спротивни религиозни,политички и општествени верувања?
16.Како ќе ги решиме проблемите на кои веројатно ќе наиде нашиот сексуален живот?
17.Дали сум подготвен/а постојано да работам на себе?
18.Што ако ме изневери?
19.Што ако го/ја изневерам?
20.Дали сум подготвен/а понекогаш да ги жртвувам празниците со моето семејство за да бидам со неговото?
21.Дали сум свесен/а дека бракот не се заснова само на љубов?
22.Дали имаме исти ставови за домашните работи?
23.Дали навистина се чувствувам сакано?
24.Што ако еден ден повеќе не се чувствувам така?
25.Што ако еден ден не можам повеќе да дадам исто толку љубов?

Емили Џејмеа,д-р и терапевт за секс и врски,верува дека пред да се омажите важно е да бидете во фаза на врската каде ниту едно од овие прашања нема да ве исплаши и да ја промени вашата одлука,без оглед на одговорот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma