Познатите модни дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана открија 10 модни совети кои секоја жена треба да ги следи.Познатото креативно дуо има некои свои тајни и строги правила кога е во прашање женската мода,а од кого е подобро да слушнете модни озборувања – ако не од нив.
1. „Нашето прво правило е дека нема правила“
„Слободата е најважна работа.Секој човек треба да ја носи само онаа облека што го прави среќен.Затоа,нашиот сон е да ја натераме секоја жена да ја пронајде својата убавина и чувство на среќа“.
2. „Една мала работа може да создаде цела слика”
“ Кој друг се сеќава на чантата на Софија Лорен? Но,сите се сеќаваат на нејзините кратки фустани“
„Треба да имате некој детаљ кој ќе ја открие вашата личност преку облеката.Тоа може да биде мала работа,но треба да го карактеризира вашиот стил,кој подоцна луѓето ќе го поврзуваат со вас“.
3. „Облеката може да влијае на сè во нашите животи – од нашата смисла за хумор до тоа како се гледаме себеси“
Доменико смета дека секоја жена заслужува да биде „принцеза“. „Кога луѓето го ценат вашиот изглед, тогаш се чувствувате посигурни.Затоа работиме на тоа – така што ова чувство секогаш ќе биде со вас“.
4. „Убавата долна облека е основа за сексуалноста.Кога носиш добра и убава долна облека, тоа значи дека го почитуваш своето тело“
Тие создаваат долна облека во сатен и чипка и велат дека е невозможно да се сретне жена од југот на Италија која не носи.
5. „Секоја жена треба да има мал црн фустан и некој впечатлив детал кој ќе го претвори нејзиниот изглед во нешто посебно и впечатливо“
А тој детал може да бидат вртоглави штикли,чанта, ланче.
6. „Не бркајте трендови – барајте работи што ви одговараат“
„Да се најде свој стил е поважно отколку да се биде следен трендот.Модата е вештачка работа.Кога навистина ги цениш работите што ги носиш,им даваш живот“.
7. „Корсетот е најсензуалниот детал од облеката што го покажува вашето тело во најдобро светло“
Да се потсетиме на Дита фон Тиз.Иако корсетот ретко се носи,да не го заборавиме во некои празнични моменти. Фустаните кои имаат корсет го прават струкот да изгледа потенок,градите поголеми,колковите порамни.
8. „Зависта нема да ве направи подобри.Треба да ги цените другите и себеси“
„Понекогаш ги гледаме нашите стари слики и не ни се допаѓа она што го гледаме.Но,не дозволувајте тоа да ве оддалечи – тоа само значи дека сте подобри“.
9. „Важно правило е да се биде сигурен и природен“
Можете да бидете привлечни дури и кога носите едноставна бела кошула.Ти со изгледот,манирите,движењата ја носиш таа облека каква и да е.
10. „Не мора да си совршена за да бидеш убава“
Само еден детал може да направи да изгледате привлечно.Тоа не мора да биде облека.„Специфичноста е она што ве издвојува, на пример носот. Носот го открива карактерот. Многу жени би сакале да го преобликуваат, но јас им се восхитувам на жените со голем нос“.
Советите на овие двајца модни гуруа ги собра порталот “Bright Side”.