Својата борба ја криеше со години,а сега проговори:Карла Бруни ги шокираше сите со признанието на болеста со која се соочила

popara18 октомври, 20234min00
Карла Бруни

Сопругата на поранешниот претседател на Франција пред четири години била победник над ракот на дојка,а животот и го спаси мамографијата.

Карла Бруни изненади со објава на социјалните мрежи во која призна дека пред четири години и бил дијагностициран рак на дојка.Таа реши да направи шокантна објава во текот на октомври,кој се одбележува како месец за подигање на свеста за ракот на дојката,а 55-годишната поранешна манекенка и пејачка им се обрати на своите обожаватели преку видео на својот Инстаграм.

– Пред четири години ми беше дијагностициран рак на дојка.Операција,зрачење,хормонска терапија…

Поминав низ вообичаениот третман за овој тип на рак – изјави Карла.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carla Bruni (@carlabruniofficial)

Таа додаде дека имала среќа бидејќи болеста и била дијагностицирана во рана фаза,нагласувајќи ја важноста да оди на мамографија.

– Болеста немаше време да напредува.Зошто? Затоа што правам мамограф секоја година на истиот датум. Да не правев секоја година по една,денес немаше да ја имам левата града,беше искрена.

Сопругата на поранешниот француски претседател Никола Саркози напомена дека и е многу тешко да зборува за тоа и дека од истата причина со години криела се.Но,таа тврди дека има добра причина зошто сега толку отворено зборува за се.

– Причината поради која го објавувам ова денес е да ви кажам:„Направете мамографија секоја година.Направете мамографија. Вашите животи зависат од тоа“.

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma