Никако не треба да се мачи и оптоварува мочниот меур со вишок течност. Меѓутоа, многумина од нас се будат во текот на ноќта бидејќи нè буди нагонот за мокрење, а често се случува да страдаме во сон затоа што мразиме да стануваме или мислиме дека нашиот мозок не мами и дека не треба всушност да оди во тоалет.
И дали е воопшто мудро да страда мочниот меур?
Количината на урина зависи од тоа колку вашето тело произведува во однос на внесот на течности во текот на денот. Затоа се случува да се разбудите во текот на ноќта за да отидете во тоалет. Ова се причините зошто го правите тоа.
1. Вишок внес на течности
Ова е една од најчестите причини за мокрење. Колку повеќе вода пиете, толку повеќе уринирате. Прилично очигледно, нели? Но, според лекарите, последниот внес на течност треба да биде два часа пред спиење, пишува „Style craze“.
2. Кофеин/алкохол пред спиење
Дали некогаш сте се запрашале зошто често мирисаат тоалетите во пабовите? За тоа е виновен алкохолот. Ако пиете пред спиење, може да ја зголеми количината на урина во телото. Затоа е најдобро да престанете да пиете алкохол најмалку три часа пред спиење, доколку сте излегле на доцна вечера или славите со пријателите.
3. Хормонален дефицит
На телото му треба добра количина на различни хормони, а нивниот недостаток или вишок може да предизвика „хаос во телото“. Тука мислиме на антидиуретичен хормон, кој им помага на бубрезите да го контролираат нивото на течности. Ако на вашето тело му недостасува овој хормон, тоа доведува до често мокрење.
4. Отечени стапала
Чест проблем по долги часови патување се отечените нозе. Но, ако долниот дел од вашите нозе постојано отекува, тоа е причина за загриженост и оваа состојба се нарекува едем. Ова задржување течност може да создаде потреба за често мокрење во текот на ноќта. Ако ги држите нозете подигнати неколку минути, може да се осигурате дека течноста во долниот дел од телото е рамномерно распоредена и исто така ќе ја намали потребата за мокрење.
5. Дијабетес
Ако сте се пожалиле на вашиот лекар за често мокрење, тој може да побара од вас да направите тест на крвта за дијабетес. Ако имате дијабетес, вашето тело веројатно ќе произведува повеќе урина за да се ослободи од вишокот шеќер.
6. Зголемени јајници/матка
Цистите на јајниците, ракот на матката и широк спектар на други состојби може да ги зголемат јајниците или матката. Овие органи можат да извршат притисок врз вашиот мочен меур и да направат да чувствувате потреба повеќе да мочате.
Ова се само дел од причините зошто мочниот меур ве алармира среде ноќ, а на вас е да отидете на лекар и да откриете што не е во ред.