Фаталната Барби продолжува да руши рекорди: Прогласена за најубава и најуспешна, а тоа не е сѐ!

popara19 октомври, 20231min00
Screenshot_3

Познатиот магазин Максим ја прогласи актерката Марго Роби за најпривлечна и најуспешна жена во 2023 година.

 

 

 

Австралиското издание на списанието ја објави својата годишна листа на „Hot 100“ за 2023 година. На листата се најуспешните и најубавите жени во индустријата за забава, спорт и поп култура. Воедно, интересно е што 33-годишната Марго го зазема првото место на листата четврта година по ред.

 

Второто место на овогодинешната листа го зазеде фудбалерката Сем Кер, а третото музичарката Делта Гудрем. Потоа следат Софи Монк, Џи Флип, Џесика Маубој, Кејли МекКеун, Ариарне Титмус, Аби Четфилд, Евелин Елис…

 

„Нашата годишна листа „HOT 100“ еволуираше во текот на изминатите десет години. Во 2023 година, таа продолжува да ги слави извонредните австралиски жени кои импресионираа или влијаеа врз нас со нивните способности, интелект, хумор, достигнувања, шега и неверојатен талент“, изјави Санти Пинтадо, главен и одговорен уредник на Максим.

 

Инаку, Марго Роби беше личност за која не престана да се зборува оваа година – а тоа е поради нејзината улога во филмот Барби. Покрај тоа што ја оживеа популарната детска кукла, Роби го продуцираше филмот преку нејзината продукциска куќа „LuckyChap Entertainment“, која ја основа во 2014 година со нејзиниот сегашен сопруг Том Акерли и пријателите Џози Мекнамара и Софија Кер.

 

Пред самиот почеток на прикажувањето на филмот протекоа и платите на актерите. „Variety“ дознава дека Марго добила 12,5 милиони долари за улогата на Барби.

 

Австралиската актерка беше најплатената актерка во 2022 година, благодарение на филмот Барби. Таа плата го надмина нејзиниот претходен највисок хонорар од 10 милиони долари за блокбастерот „ Birds of Pray “ од 2020 година, во кој ја толкува улогата на Харли Квин.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma