Без разлика дали сакате кратки или долги нокти,глам или едноставни: 5 трендови за маникир со кои ќе бидете забележани цела есен

popara19 октомври, 202321min00
Маникир

Трендовите за светот на ноктите во есента 2023 година ќе одговараат на сечиј вкус.Доколку сакате редовно да правите маникир и да ја менувате бојата и обликот на вашите нокти, сигурно ќе ве интересира кои трендови се актуелни оваа есен 2023 година.

Еден од најрелевантните „уметници за нокти“ дефинитивно е Том Бечик,човек кој грижата за рацете му ја довериле најголемите светски диви,како Џенифер Лопез и Селена Гомез.

Тој често им прави магија на ноктите,во зависност од приликата и нивните желби,а тука е и во најважните денови во нивниот живот, на пример,кога Џеј Ло се омажи за Бен Афлек.Џеј Ло,поточно,барем еднаш неделно ги средува ноктите кај Том,а познато е дека секогаш ги следи сите светски трендови,вклучително и во светот на маникирот.

 

Ако го прашате Том што ќе биде оваа есен,тој сигурно ќе ви каже дека дефинитивно има простор сечиј вкус да одговара на некои од трендовите,а еве што може да се најде меѓу неговите нови „дела“:

Вишна

Деновиве Џеј Ло имаше совршен маникир што можат да го направат 18-годишни девојки и 88-годишни жени.Комбинацијата на нијансата на вишна и кафе мока,заедно со кратки уредни,негувани нокти,дефинитивно се избор кој е тренди оваа есен, како и секоја сезона.

 

Металик глам

Ноктите на Селена Гомез се дефинитивно толку сјајни што се најдобар избор за сцена или некој црвен тепих,но кој е доволно храбар може да ги извади во некои по „обични“ прилики! Доколку сакате екстраваганција,металик сребрената боја и сјај се одличен избор.

 

Сива

Сивата боја е една од боите на есента,а Џеј Ло ја истакна со долги нокти.Едноставен е и елегантен,а одлично оди со црна, бела,розова и жолта.

 

Класичен француски

Никола Пелц,снаа на Дејвид и Викторија Бекам,претпочита класика,па затоа избрала класичен француски маникир за нокти. Тоа е безвременски тренд кој е секогаш актуелен и удобен.

 

Бојата на кожата, светло розевата, кајсија и праска нијанси

Бојата на кожата,светло розевата,кајсија и праска нијанси се секогаш во тренд,а подолгите нокти во сјајна верзија се убави, елегантни и одат со се.Неутралната боја која блеска дискретно лесно ќе се вклопи во секој ваш стајлинг!

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag