Правевте ботокс? Докторка советува што смеете, а што никако не смеете да правите после популарниот третман за брчки

popara19 октомври, 20231min00
65106_botoks-shutterstock-1915190344_f

Ботоксот може да биде брза и лесна процедура за ослободување од брчките, но за да се обезбеди добар резултат, треба да се подготвите за периодот после овој третман.

– Ги советувам моите пациенти да избегнуваат физичка активност, особено напорни вежби, 24 часа по третманот со ботокс – вели за магазинот „Вог“ пластичниот хирург Џел Халас од Њујорк.

Таа истакнува дека вежбањето може да предизвика ширење на течноста во мускулните групи за кои не е наменета, што резултира со зголемен ризик од несакан „замрзнат“ изглед на лицето на поголема површина од посакуваната.

Не треба да се прават третмани за лице неколку часа по инјектирањето ботокс. Како по правило, сите третмани кои користат дермабразија, микродермоабразија, радиофреквенција или ласери може да предизвикаат проширување на филерите. Седењето во сауна е исто така забрането бидејќи прекумерната топлина го зголемува протокот на крв во лицето, што може да предизвика растурање на ботоксот. Дури и свиткувањето може да има слични ефекти.

– Ако треба да кренете нешто, избегнувајте да се наведнувате со наведната глава. Наместо тоа, свиткајте ги колената во исправена положба за да го подигнете, советува д-р Халас.

lice

Алкохолот треба да се избегнува и во деновите околу ботоксот. Имено, ја разредува крвта и ги шири крвните садови, зголемувајќи ја можноста за појава на модринки на и околу местото на инјектирање.

Капи и шешири не треба да се носат најмалку четири часа по третманот на челото, бидејќи притисокот потенцијално може да го наруши поставувањето на ботоксот. Не земајте аспирин, ибупрофен, витамин Е и рибино масло 48 часа по инјектирањето.

– Ова може да ги зголеми шансите за модринки – нагласува д-р Халас.

Таа додава дека на пациентите им забранува и да спијат попладне, односно да се прави ботокс најмалку четири часа пред спиење, за да се спречи ширење на течноста на други места при превртување во кревет. И, се разбира, таа вечер не треба да спиете со лицето на перницата, туку да лежите на грб.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma