Британската пејачка Адел ѝ откри на публиката во Лас Вегас дека престанала да пие.
Рекла и дека била на работ на алкохолизам, но веќе три месеци е чиста.
– Престанав да пијам пред три и пол месеци. Тоа е досадно. Мислам, јас бев буквално на работ на алкохолизам во поголемиот дел од моите дваесетти, но многу ми недостига“, рече таа.
Кога видела дечко од публиката како пие виски, ги насмеала сите.
– Уживајте во вашето виски. Многу сум љубоморна – рекла таа.
Инаку, Адел призна дека за време на пандемијата на корона вирусот пиела порано, од утринските часови, а претходно открила и дека еднаш испила четири шишиња вино пред ручек.